Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на тренер за транспарентност, со цел спроведување обука за транспарентност и отвореност на единиците на локалната самоуправа.

Ги покануваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите наведени во повикот да аплицираат онлајн, на наведениот e-mail во самиот повик.

Начин на аплицирање: со испраќање на кратка биографија (CV), и пополнета, потпишана финансиска понуда, испратени до goce@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 30.12.2021, 09:00 часот.

Формуларот за поднесување финансиска понуда е достапен на следниот линк: Att.1 – financial offer Transparency Trainer

Сите детали се достапни на следниот линк: 5.1. ToR_Transparency trainer

 

Повикот е отворен од денес, 27.12.2021 до 30.12.2021, 09:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Фондацијата Метаморфозис го резервира правото да контактира само со избраните понуди. Со испраќање на вашата кратка биографија (CV) се согласувате вашите лични податоци да се обработуваат и зачуваат за потребите на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, а со цел спроведување на активностите во рамки на проектот насочени кон поддршка на единиците на локалната самоуправа.

Сподели: