Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на фасилитатори за отворени податоци на локално ниво.

Ги покануваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите наведени во повикот да аплицираат онлајн, на наведениот e-mail во самиот повик.

Начин на аплицирање: со испраќање на кратка биографија (CV) на goce@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 19.12.2021, 15:00 часот.

Сите детали се достапни на следниот линк: ToR_OGD municipality facilitator

  • Времетраење на процесот на поддршка: процесот на поддршка на ЕЛС ќе започне во јануари 2022 година, и ќе се одвива во последователни циклуси. Секој циклус ќе трае по шест недели. Фондацијата Метаморфозис го определува бројот на ангажирани фасилитатори, од вкупниот број на избраните фасилитатори, за секој циклус одделно.

Повикот е отворен од денес, 14.12.2021 до 19.12.2021, 15:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Фондацијата Метаморфозис го резервира правото да контактира само со избраните понуди. Со испраќање на вашата кратка биографија (CV) се согласувате вашите лични податоци да се обработуваат и зачуваат за потребите на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, а со цел спроведување на активностите во рамки на проектот насочени кон поддршка на единиците на локалната самоуправа.

Сподели: