Режимот „Инкогнито“ е функционалност на Google Chrome која овозможува автоматско бришење на одредени податоци за нашата активност на интернет. Кај други пребарувачи оваа функционалност може да се сретне и под називот „режим на приватно прелистување“.
И покрај тоа што се нарекува „инкогнито“ или „приватна“, добро е да се знае дека користењето на оваа алатка не ги заштитува во целост информациите за нашата онлајн активност.
Користењето на режимот „Инкогнито“ значи дека Хром нема да ги зачува податоците за нашето пребарување, колачињата и податоците од веб-страниците кои сме ги посетиле, како и информациите внесени во формулари. Ова значи дека ваквите информации ќе бидат „невидливи“ за другите корисници на уредот од кој е направена активноста, но ќе останат достапни за интернет провајдерот, работодавачот или училиштето сопственик на уредот, како и за посетените веб-страници.
Сподели: