За потребите на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската унија и спроведуван од Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект, го обновуваме повикот за доставување понуди за подготовка на Методологија за спроведување проценка на влијанието врз приватноста за јавните услуги што се во процес на дигитализација, објавен на веб-страницата на Фондација Метаморфозис на 26.12.2022. Крајниот рок за доставување на понудите е вторник, 31.01.2023 година.
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Прилог 1 – Образец за финансиска понуда
Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на vesna@metamorphosis.org.mk најдоцна до 23.01.2023.
Image by Gerd Altmann from Pixabay
Сподели: