Во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“, Фондација Метаморфозис во партнерство со Левизја МЈАФТ (Албанија), Отворени податоци Косово (Косово), НВО 35 ММ (Црна Гора) и ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност (Србија), организира регионален онлајн настан „Регионални дијалози за Дигиталната агенда“.

Настанот ќе се одржи на 22.01.2021 година (петок) во 10:00 часот на ZOOM онлајн платформата. Влез во настанот е обезбеден преку следниот линк:

https://techsoupglobal.zoom.us/j/93435771039?pwd=amRYTU1tbGlqN3FmRkY4UE9qLzRzdz09

Meeting ID: 934 3577 1039

Passcode: 516759

Програмата на настанот се состои од кратка презентација на регионалното истражување „Опсерваторија за Дигиталната агенда: Истражување на основната состојба за развој на е-влада и дигиталната писменост во целните земји од Западен Балкан 2020 година“, по што ќе следи дискусија за подобрување на состојбата на развој на е-владата и дигиталната писменост во целните земји од Западен Балкан.

Говорниците на настанот се очекува да бидат релевантни претставници на институциите и претставници на ГО од целните земји од Западен Балкан.

Настанот е од отворен карактер и на него се очекува да присуствуваат претставници од институции, граѓански организации (ГО), медиуми и други засегнати страни. Примарниот јазик на настанот е англиски.

Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација: https://forms.gle/BBRKuUk1ze8XESRa9

По завршување на настанот, сите регистрирани учесници ќе добијат линкови кои ќе водат до спроведеното регионално истражување, преку кое понатаму можат да добијат повеќе информации за тековната состојба за спроведување на Дигиталната агенда во целните земји од Западен Балкан и да ги користат информациите соодветно во своите истражувања или статии.

Напомена: Заради потребите на проектот, настанот ќе биде сниман и се планира да има Facebook live streaming.


Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

 

Сподели: