На 9 јули, во Импакт хаб Белград (Србија), ЦРТА и партнерите на ИЦЕДА организираа регионален настан „Дијалози за дигиталната агенда: Вештачка интелигенција и алгоритми во владините е-услуги“, кој исто така се емитуваше онлајн.

Настанот имаше за цел да иницира дискусии за можностите и предизвиците за користење на вештачка интелигенција (ВИ) во јавните услуги. Трендот според кој алгоритмите извршуваат задачи наместо човекот е сè почесто дел од владините операции, дури и во земјите од Западен Балкан. Алгоритмите „тајно“ водат многу процеси во позадина, а најчесто пошироката публика нема никакво знаење за овие процеси, што носи огромна ефикасност. Сепак, ваквото владеење може да биде ризично затоа што алгоритмите може да се случи да донесуваат пристрасни, па дури и штетни одлуки, а рамките за отчетност често недостасуваат. Поради тоа настанот ќе ги истражува алгоритмите во владините и владините е-услуги во Србија и регионот на Западен Балкан.

Говорници на настанот беа релевантни претставници на институциите и претставници на ГО од целните земји од Западен Балкан, односно: Алберт Алиу, Глобални КТ (Косово), Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), г-дин Дражен Вујовиќ, Влада на Црна Гора (Црна Гора), г-ѓа Ерсила Ќерамишиу, Национална агенција за информатичко општество (Албанија), г-ѓа Јелена Коциќ, Српско друштво за ВИ (Србија), г-дин Коста Петров, вршител на должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој (Северна Македонија), г-ца Миша Бојовиќ, виш истражувач во ЦРТА (Србија).

 

Во своето воведно обраќање, Бардил Јашари рече дека регионот нема многу проблеми со интернет поврзаноста бидејќи поголемиот дел од населението има дигитални уреди и Интернет. Сепак, тој потенцираше – „Ние некако заостануваме кога станува збор за тоа како услугите што се развиваат за граѓаните ги земаат предвид приоритетите на граѓаните, и не само приоритетите на владите и бизнисите “. Тој истакна дека ВИ треба стратешки да се регулира, ставајќи ги во фокусот на човековите права и интегритет со специфична регулатива што ќе забрани злоупотреба и неетички обрасци на однесување.

Јелена Кочиќ со едноставни изрази ја опиша ВИ како „област на софтверски инженеринг со цел да им помогне на луѓето подобро да ги извршуваат своите задачи со автоматизација“ што може да помогне во различни процеси од донесување одлуки до автоматски возила. Таа продолжи со давање на специфични секојдневни примери за тоа каде се користи ВИ, како што е спам филтерот во е-поштата (порано овој процес беше рачен, а сега е автоматизиран), препознавање на лице, препознавање на емоции, додека во некои градови алгоритмите за социјално дистанцирање се спроведуваат до степен до кој камерите на улица можат да откријат дали има некакво кршење на правилото за социјално дистанцирање.

Александар Линч сподели информации за Стратегијата за ВИ на Србија и потребата Владата и целата заедница стратешки да ги развиваат своите способности за ВИ. Тој го истакна значењето на центрите за податоци и самите податоци, кои исто така се вклучени во оваа стратегија, како клучни за развој на секаков вид аналитички, алгоритми за наука на податоци или машинско учење и производи за вештачка интелигенција. Според Линч, владите треба да ги имаат своите податоци во дигитална форма како форма што компјутерите можат да ја обработуваат, што дополнително овозможува многу процеси да се автоматизираат (владини е-услуги, иновативни решенија од стартапи, итн.).

Бидејќи луѓето генерираат тони податоци на ден, кои не се правилно користени или воопшто не се користат, имаше прашање како владите треба да извлекуваат максимум од тие податоци или како да разликуваат важни и неважни податоци . Линч советуваше дека владите треба да создаваат мали победи – да ги користат постојните збирки на податоци и да градат иновативни решенија засновани на тоа, заедно со деловниот сектор, академските институции и другите релевантни чинители. Бидејќи сите овие засегнати страни ја носат својата експертиза и искуство во процесот, целиот процес треба да се раководи или да го води еден заинтересиран субјект и затоа тој се залага за воведување на позицијата „главен дигитален службеник“ како дел од Владата, т.е. личност која треба да биде задолжени за создавање на одржлива средина за ова.

Коста Петров изјави дека Северна Македонија е во рана фаза на ВИ. Бидејќи работат на креирање на Стратегијата за вештачка интелигенција за земјата, тој сподели дека една од пречките е тоа тшо владата нема јасна дигитална стратегија. Тој спомена дека тие се во завршна фаза на создавање работна група, и нивното очекување во следните 6-12 месеци е да имаат „практична стратегија за ВИ, главно насочена кон владините служби“. Тој сподели дека ВИ е многу важна во земјите во регионот каде што има недостаток на добро обучени професионалци во администрацијата, луѓето сè уште треба физички да ги добијат своите документи и има многу бирократија. Така, нивната цел е да им го олеснат животот на граѓаните преку обезбедување побрз и поефикасен пристап до податоци и владини услуги, како и простор за повратни информации до владата од граѓаните. Тој исто така спомена дека во меѓувреме работат на пилот проект „Дигитален ВИ асистент“ за програмите за државна помош, што ќе им овозможи на компаниите преку поднесување образец да видат за која помош се квалификувани. Како продолжение, тие планираат да го реплицираат овој систем во Министерството за труд и социјална политика со фокус на социјалните бенефиции, во Министерството за здравство фокусирано на следење на болести и ширења на болести, во Министерството за внатрешни работи на предвидување на кривични дела и препораки оптимално полициско присуство, во Министерството за образование и наука, фокусирано на персонализирано образование, итн. Нивната цел е во следните 2 години да имаат роботи за разговор (chat-bots) во сите канцеларии на владината администрација „Регионот можеби доцни во играта, но она што е навистина важно е да работиме колективно, да споделуваме експертиза и на крајот на денот регионот е мал, затоа треба да имаме голема регионална соработка и навистина да ја создадеме оваа трансформација која е многу потребна“. – тој додаде.

Алберт Алиу ја препозна користа од висок процент на пенетрација на Интернет како што тоа го има во Косово. Тој сподели дека Косово има стратешки пристап кон електронското управување од 2008 година навистина го олеснило животот на сопствениците на бизниси, како и ја намалил бирократијата. Кога направија истражување во 2011 година го повторија ова истражување во 2019 година со истите бизниси, видоа голем пораст во користењето на јавните е-услуги од компанијата и подобрување на нивниот пристап кон е-трговија Тие во моментов креираат систем за управување со измами користејќи машинско учење за откривање измами на страниците за е-трговија и се во завршна фаза на создавање на екстензија за Chrome за анализа на лажни страници на Косово што планираат да ги прошират во целиот регион.

Дражен Вујовиќ го постави прашањето за дигиталната писменост на граѓаните и давателите на услуги како тековно прашање за испорака и употреба на е-иновации, што во моментов е многу изразено во Црна Гора. Одговорот на Црна Гора на оваа потреба беше целосно поедноставување на процесите и на тој начин правејќи ги е-услугите поразбирливи, но тие се соочија со прашањето за додавање на reCAPTCHA на нивната платформа за вакцинација што дополнително ги збуни луѓето. Сите говорници се согласија дека одговорот на ова прашање е образованието – од помала возраст, до универзитетско образование, до програми за доживотно учење од страна на владата или бизнисите, со цел да бидат во тек со технолошките достигнувања. Северна Македонија работи со бизнисите и секторот за неформално образование за да обезбеди основни курсеви за дигитална писменост и вештачка интелигенција, додека Владата целосно исклучи данок на курсеви за дигитална писменост. Петров спомена дека ниските плати за луѓето со ИТ вештини се огромен проблем, но со ИТ коморите тие развиваат модел на аутсорсинг за главните ИТ позиции во Владата со цел да обезбедат пристап до високо квалификувана сила за спроведување на овие трендови.

Албумот од овој настан може да го погледнете тука.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: