Советничката група на експерти на проектот Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА, кофинансиран од Европската унија, денес се состана со партнерите на ИЦЕДА со цел да слушне за напредокот на проектот и мрежата, како и нивната стратегија до крајот на проектот. Се дискутираше и за постигнувањата од првата година од спроведувањето на проектот, како и за предизвиците со кои се соочија проектниот тим и мрежата.
На состанокот присуствуваше проектниот тим од 5-те таргетирани земји од Западен Балкан, членови на Управниот одбор и членовите на Советничката група на експерти.
Советничката група на експерти е регионално тело во кое членуваат повеќе засегнати страни создадено со цел да обезбеди совети за општата стратегија за проектот ИЦЕДА. Групата се состои од владини претставници кои се директно вклучени во спроведувањето на работите поврзани со дигиталната агенда во рамките на нивните институции. Целта на формирањето на експертската група беше да се добие придонес и насоки за време на спроведувањето на Акцијата што ќе им помогне на партнерите на ICEDA да ги постигнат своите цели во секоја од земјите.
Експертската група се предвидува да се состане неколку пати во текот на проектот, да ги слушне извештаите за тековните планови и активности и да слушне од Управувачкиот комитет за нивните ставови за овие и за идните приоритети, како и за клучните проблеми.
Советодавната експертска група е составена од 5 члена од институции од Западен Балкан, поголемиотдел од кои беа присутни на состанокот или беа застапени од нивни заменици, имено: г-дин Лорин Имери, извршен директор на Агенцијата за испорака на интегрирани услуги Албанија – ADISA (Албанија) застапуван од г-дин Или Садо од ADISA, г-дин Агим Кукај раководител на Одделот за ИКТ при Министерството за економија, вработување, трговија, индустрија, претприемништво и стратешки инвестиции (Косово), придружуван од г-ѓа Фјола Рестелица Ахмети од истата институција, г-ѓа Бојана Бајиќ, генерален директор на Одделот за дигитализација и информациски системи во Министерството за финансии и социјална заштита (Црна Гора), г-ѓа Елена Манчева, државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација (Северна Македонија) и г. Милан Добријевиќ , Раководител на одделот за развој на дигитална агенда во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации (Србија) чиј заменик беше г-дин Слободан Макровиќ, дигитален советник на UNDP Србија. Членовите беа избрани врз основа на нивното специјалистичко знаење, способност да ги застапуваат интересите на апликантите и можноста да помогнат во решавањето на проблемите со кои може да се соочи проектот. При утврдувањето на членството во оваа група, се посвети внимание на родовиот биланс, географската дистрибуција и претставувањето на корисниците.
По продуктивната дискусија на состанокот, членовите на Експертската група ја признаа важноста на оваа иницијатива, велејќи дека „Како Влада, имаме многу среќа што во овој процес на дигитализација, ГО се на наша страна, за да можеме заедно да им помогнеме на граѓаните. ГО ги сметаме за наши партнери, тие ни се од огромна помош при приближување на дигиталната агенда до граѓаните, бидејќи тие ни нудат различни перспективи за овие прашања. Со помош на дијалози, вмрежување, градење на капацитети, партнерство и едукација, овој проект е фантастична алатка за постигнување на токму тоа – подигање на свеста кај граѓаните и промоција, обликување и спроведување на дигиталната агенда“. – г-ѓа Елена Манчева, државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација (Северна Македонија), исто така избрана за претседател на Советодавната група на експерти.
Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис објасни како дигиталната агенда ја сметаат за дел од секојдневниот живот и како е важно за граѓанските организации и владите да ги решат овие проблеми. Филип посочи пример како е задолжително луѓето да се регистрираат за да ја примат вакцината против Ковид-19. Искуството покажува дека некои луѓе не поседуваат дигитални вештини потребни за овој процес. Така, целта на ICEDA е да ги зголеми таквите вештини и да ја зголеми достапноста до е-услугите. „ИЦЕДА спасува животи“, истакна Филип Стојановски.
Слободан Марковиќ од UNDP Србија спомена дека е исклучително важно да се вклучат граѓански организации во процесот на е-владеење затоа што: 1) Владините услуги што се воведуваат не се фокусирани на корисниците и наместо тие се дизајнирани да одговараат само на нивниот административен процес. Важно за граѓанските организации е да се залагаат за граѓаните; 2) Транспарентност: Владите треба да ги направат достапни информациите во врска со тоа како работат алгоритмите, што се прави со податоците итн. Тој понатаму истакна дека на владите им е потребен надворешен притисок и организации кои ги проверуваат нивните процеси. Тој исто така сподели дека сајбер безбедноста е нешто што треба да го решат владите, а ИЦЕДА може да работи за да им помогне на овие институции да ги градат своите практики за сајбер безбедност во овој процес.
Мила Јосифовска Даниловска од Фондацијата Метаморфозис истакна дека има недостиг на бази на податоци за бројот на корисници на сите е-услуги, што, како што рече, се многу важни за, меѓу другото, за развој на други е-алатки и политики. Познавајќи го бројот на корисници на е-услуги, владите заедно со другите засегнати страни можат да видат каде може да има проблем и да ја истражат ниската употреба на одредена услуга, со цел да ја направат попогодна за корисниците, да ја доближат до граѓаните и воопшто, да ги прилагодат услугите на потребите на граѓаните, но и да создадат нови е-услуги за граѓаните врз основа на научените лекции. На ова, Снежана Никчевиќ од 35 ММ постави прашање како да се справи со зголемувањето на процентот на корисници на е-услуги. За ова, предлозите треба да произлезат од научените лекции од други земји кои го поминале овој процес, покрај промотивните кампањи за поголемо ангажирање на граѓаните и консултации со институциите за да видат кои е-услуги се нивен приоритет.
Блерта Тачи, член на Управниот одбор, потенцираше едно искуство на организацијата Отворени податоци Косово во соработката со Агенцијата одговорна за развој на новата платформа е-Kosova, за која Агенцијата имаше одредени заблуди. Таа сподели дека собирајќи ги е-услугите од сите институции во Косово, Агенцијата имала впечаток дека тие самите ќе ги испорачуваат, на што организацијата морала да појасни дека процесите ќе останат исти, односно секоја агенција ќе ги извршува своите услуги, но дека граѓаните ќе имаат само еден канал за да го сторат тоа, наместо да имаат повеќе сметки низ различни агенции. Ова доведе до заклучок дека станува збор и за разбирање и свесност на самите институции за целиот концепт на дигитализација и централизирани платформи за е-услуги, кои понатаму може да се решат од страна на ICEDA.
Состанокот заврши со кратко резиме на состанокот, нагласувајќи ги главните заклучоци и потребата за идни чекори, меѓу кои:
- Помагање на јавните институции во дизајнирање услуги насочени кон корисникот;
- Работа на проблеми поврзани со безбедноста на интернет, како што се приватност на податоци;
- Работа на граѓанска и институционална свест во врска со процесот на дигитализација;
- Консултирање со приоритетите за електронски услуги на Владата и усогласување на напорите;
- Работа на законски измени со цел да се направи место за поефикасни е-услуги и јавни дигитални процеси.
——————————————————————————————————————————————
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, е ко-финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово).
Сподели: