Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, организираше он лајн обука за обучувачи за отворени податоци. Обуката се одржа на 16 и 17 јуни 2021 година, а ја спроведоа експерти од Институтот за отворени податоци од Велика Британија. На обуката учествуваа 12 учесници од 9 државни институции.

Целта на обуката беше да се унапреди знаењето и вештините на лицата од државните институции за да можат да обучуваат други државни службеници на оваа тема, како и да им обезбедат поддршка на нивните колеги за зголемување на квантитетот и квалитетот на податоците кои ги објавуваат.

Во рамките на дводневната обука учесниците се стекнаа со напредни познавања за пречките кои постојат при отворање на податоците од државните институции и начините на нивно надминување преку примена на напредни техники за обработка и објавување на податоците.

Во наредниот период учесниците на обуката, во координација со Министерството за информатичко општество и администрација, ќе одржат обуки за отворени податоци и ќе поддржат институции во процесот на отворање на податоците.

Сподели: