Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис спроведе дводневна он лајн обука на тема Отворен Град. Обуката се одржа на 04 и 05 ноември 2020 година.

Обуката е дел од активностите кои се имплементираат во рамки на Иницијативата Отворен град.

Настанот го отвори г-дин Едвард Гонзалез, директор на канцеларијата за општ развој на УСАИД во Северна Македонија. На обуката учествуваа 33 претставници на граѓански организации од земјата.

Обуката имаше за цел подигнување на свеста и зголемување на знаењето на претставниците на граѓанските организации за иницијативата Отворен град.

Во рамките на дводневната обука учесниците имаа можност да се стекнат со знаење за концептот на отворен град и придобивките од неговата имплементација, моделите за партиципативно носење на одлуки на локално ниво, концептот на отворени податоци и нивна употреба, индексот за отвореност и методологијата за тактичко користење на податоците.

Иницијативата Отворен град има за цел да ја унапреди транспарентноста и партиципативноста на општините и да им помогне да научат и применат нови алатки и пристапи за зголемување на конструктивната и продуктивната соработка со граѓаните со цел подобрување на испораката на јавните услуги во општините. Обуката за отворен град придонесе за унапредување на капацитетите на граѓанските организации да работат со општините и со граѓаните за да помогнат во зајакнувањето на соработката и давањето услуги.

Сподели: