Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, на 12 и 13 јули 2021 година спроведе дводневна он лајн обука за отворени податоци.
На обуката учествуваа 22 државни службеници кои се дел на тимовите за отворање на податоците во:
- Генералниот секретаријат на Владата
- Министерството за внатрешни работи
- Министерството за образование и наука
- Министерството за информатичко општество и администрација
- Бирото за јавни набавки и
- Институтот за јавно здравје.
Обуката за отворени податоци имаше за цел да го унапреди знаењето и вештините на лицата кои ќе работат на отворање на податоците во нивните институции.
Во рамките на дводневната обука учесниците имаа можност да се стекнат со напредни познавања за концептот, форматите и придобивките од отворените податоци, за процесот на идентификација, каталогизација и приоритизација на податочни сетови, како и да добијат практично знаење за процесот на објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk.
Обуката за отворени податоци е дел од активностите кои се спроведуваат за обезбедување на техничка поддршка на определени институции во процесот на отворање на нивните податоци.
Сподели: