Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, спроведе две дводневни он лајн обуки за отворени податоци. Обуките се одржаа во периодот од 31 август со 03 септември 2020 година. На обуките учествуваа офицерите за отворени податоци и лица кои работат во областа на отворени податоци од 22 државни институции.
Обуките за отворени податоци имаа за цел да го унапредат знаењето и вештините на лицата кои работат на отворање на податоците во државните институции. Во рамките на дводневните обуки учесниците имаа можност да се стекнат со познавања за концептот и придобивките на отворени податоци и за техничките аспекти, вклучувајќи формати на отворени податоци, платформи за отворени податоци, структура на податочни сетови, димензии на квалитет на податоци и техники за филтрирање и анонимизација на податочни сетови. Во текот на обуките учесниците се здобија со напредни познавања за процесот на идентификација, каталогизација и приоритизација на податочни сетови, како и практично знаење за процесот на објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk
Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, до сега се спроведени вкупно три обуки за отворени податоци од овој вид на кои присуствуваа 63 учесници од 28 државни институции.
Сподели: