Дигиталната инклузија се однесува на оние активности кои се неопходни за да им се обезбеди на сите граѓани, вклучително и оние кои се најзагрозени, да имаат пристап до информатички и комуникациски технологии и истите да можат да ги користат.

Дигиталниот јаз е јазот кој постои помеѓу лицата кои имаат и оние кои немаат пристап, вештини и свест за ефективно дејствување на интернет.

Земјите од Западен Балкан треба да се стремат кон дигитална еднаквост, што значи дека сите лица и заедници (без исклучок) треба имаат капацитет и ресурси кои се потребни за да бидат целосно вклучени во општеството, демократијата и економијата, кои пак се дигитално ориентирани.

Македонска верзија

Албанска верзија

Српска верзија

Црногорска верзија

Ова видео е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија. Видеото е произведено со финансиска поддршка на Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на ИЦЕДА партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократска промена Србија (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: