По повод 28 јануари – Европскиот ден за заштита на личните податоци, тимот на ИЦЕДА ви претставува инструктивно видео за како полесно да спречите сајбер напад и да си ги заштитите вашите податоци.

Oсновни работи кои можете да ги направите за подобро да ги заштитите вашите податоци:

  • Зајакнете ги сите ваши лозинки
  • Правете редовно ажурирање на вашите уреди
  • Бидете во тек со измамите кои најчесто се користат

Ако мислите дека сте жртва на сајбер криминал контактирајте ги надлежните полициски служби или националната институција за сајбер криминал во вашата земја.

 

Видео (Северна Македонија) – македонски јазик

Видео (Северна Македонија) – албански јазик

Видео (Албанија)

Видео (Црна Гора)

Видео (Косово)

Видео (Србија)

Ова видео е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ кофинансиран од Европската Унија. Видеото е произведено со финансиска поддршка на Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на ИЦЕДА партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.