“Дигитализација во РСМ во 2022 година: Далеку се услугите со еден клик, цената за тоа ја плаќаат граѓаните” – Новинска агенција Мета.мк

Фото: Илустрација: Фисник Џелили/Порталб.мк во Canva

Предизвикот со кој продолжува да се соочува Северна Македонија се реформите во областа на дигитализацијата, поточно напредокот за да биде во чекор со најновите случувања за подобрување на животот на граѓаните, нудејќи им квалитетни, брзи и ефикасни услуги. Во време кога светот и западните земји секој ден се повеќе чекорат напред во оваа насока, земјата и покрај постојаните ветувања на властите сè уште нема соодветна дигитална инфраструктура. За 2023 година најголемо очекување е формирањето на Дигиталната агенција. Во продолжение Порталб.мк ви носи еден преглед на тоа што (не) беше направено во тек на оваа година и околу тоа кои се идните предизвици во оваа област во новата година.

Порталот „е-Услуги” со недостатоци

Несомнено е дека дигитализацијата на услугите е во корист и интерес на граѓаните, но и неопходна доколку сакаме да се интегрираме во ЕУ. Истражувањата на Порталб.мк низ годините докажале и покажале дека резултатите од извештаите, анализите или анкетите спроведени во оваа област од меѓународните или домашните институции, но и од невладините организации во земјава, не се само критика на хартија, туку сериозен проблем во секојдневниот живот на граѓаните кои талкаат по шалтери за еден одреден документ.

Северна Македонија и понатаму нема база на податоци за користење на електронските услуги што ги нудат јавните институции, така што не се знае колку услуги се обезбедени по електронски пат во споредба со услугите со физичко присуство.

На граѓаните на Северна Македонија им е тешко да извадат документи онлајн „само со еден клик“. Ова е така поради тоа што државата нуди ограничени електронски услуги, не се користи потенцијалот на националниот портал, а има и граѓани кои иако имаат опрема, не се доволно информирани за електронските услуги.

Во РСМ функционира Националниот Портал за Електронски Услуги – “E-услуги”, во кој може да се поднесат барања за добивање на неколку електронски услуги, да се врши исплата на надоместоци и административни такси, да се следи статусот на процедурите или пак да се преземат други чекори за извршување на некоја друга административна услуга. Но, за да се направи сето ова, напрвин треба да се отвори една сметка, односно „е-ИД“ профил. Овој портал има 87.468 регистрирани корисници, а преку него до сега се поднесени 30.156 барања.

Во моментот на овој портал достапни се 835 услуги од 1.288 јавни институции, при што 66 од нив се електронски, но вреди да се напомене дека услугите не се целосно електронски. За повеќето услуги опишана е само процедурата, и за да го добијат документот граѓаните мора лично да одат во соодветната институција. Проширувањето и усовршувањето на бројот на целосно електронски услуги сеште е предизвик.

Во третиот извештај за актуелната состојба и прирачник за промовирање на Дигиталната Агенда во Северна Македонија кој беше објавен од Фондацијата Метаморфозис и се однесува на периодот од месец јуни 2021-јуни 2022, се истакнува дека и покрај тоа што бројот на електронски услуги и тој на корисниците од година во година расте, сепак порталот uslugi.gov.mk се уште не е доволно промовиран кај граѓаните. Во исто време, голем број на услугите не се воопшто електронски, а за тие што се, се чека многу долго, што не е соодветно за нивното значење и намена. Што се однесува до волјата и стратешката политика, таа е на високо ниво и е дел од приоритетите на Владата. Во оваа област има многу стратегии, но голем дел од нив се застарени и треба да се ажурираат.

Во една телевизиска дебата организирана од Метаморфозис, беше кажано дека недостасува стратешки пристап за развој на дигитализацијата на локално ниво, затоа што скоро сите актуелни стратегии се фокусирани на услугите кои ги нуди централната власт. Забрзување на процесот на е-услуги во општините може да се постигне и ако се употреби централниот портал Е-Услуги.

Фото: Илустрација: Фисник Џелили/Порталб.мк во Canva

Илустрација: Фисник Џелили/Порталб.мк во Canva

Услугите со еден клик сеуште далеку, цената ја плаќаат граѓаните

 

Еден од процесите кој и во 2022 не беше заокружен е дигилизацијата на матичните книги, кој на државата ќе и овозможи да има една база на податоци која ќе може да ја користи во електронските системи при давање на улуги. Во едно интервју со Кристина Петровска од Управата за водење на матичните книги, беше кажано дека дигитализацијата на матичните книги се очекува да биде целосно завршена до крајот на 2023 година.

Што се однесува до процесот на дигитализација на матичните книги, оваа година Финансиската полиција поднесе кривична пријава против тројца вработени во Управата за водење на матичните книги поради сомнение дека наместиле тендер и го оштетиле буџетот за 46.000 евра.

И покрај тоа што електронските документи се признаени со закон и имаат иста вредност како и физичките документи, нашите институции сè уште не работат со електронски документи. Ова го докажавме со нашето истражување, во кое покажавме дека образовните институции, банките и нотарите не беа сигурни дали треба да прифатат еден извод од матичната книга на родените издаден во електронска форма.

Од друга страна, институциите во РСМ имаат слаба меѓусебна комуникација преку Платформата за интероперабилност која предвидува размена на податоците преку електронските системи, со цел да се нудат ефикасни и брзи услуги. Податоците до кои дојде Порталб.мк, покажуваат дека оваа година генерално сите институции од Платформата имаат намалување на бројот на извршени трансакции, бројка која требаше да биде поголема од претходната година.

Преку истражувачките стории Порталб.мк покажа како недостатокот на поврзаност меѓу иституциите граѓаните ги изложува на непотребни административни процедури, кои меѓу другото удираат и по нивниот џеб. Така, наместо самите да ги најдат податоците и документите преку електронските системи, институциите ги тераат граѓаните да одат од врата до врата за да извадат разно разни „потврди“ и „изводи“ кои ги чинат пари, време и енергија.

Порталб.мк оваа година направи и едно истражување во кое се виде неодговорноста на институциите во земјава, поточно на општините кои ги менуваат имињата на улиците без да ги заведат во Главниот Регистар, и бидејќи институциите немаат заеднички електронски систем, граѓаните мораат да талкаат и да плаќаат за разни потврди.

Од друга страна, вработените во државните институции продолжуваат да објавуваат податоци во форма на скениран ПДФ документ, место истите да ги стават во отворен ПДФ формат. Ова претставува проблем за граѓаните и при анализирањето на податоците, затоа што во овој формат тешто може да се направи корегирање или копирање на податоците.

Фото: Илустрација: Фисник Џелили/Порталб.мк во Canva

Наставата без електронски книги, судовите со нов АКМИС, инспекторите со нов електронски систем

Кога станува збор за дигитализацијата на образованието, Министерството за образование и наука соопшти дека е започната дигитализацијата на учебниците и дека овој процес ќе заврши за пет години. Ставовите по оваа прашање беа доста поделени: некои сакаа целосно да ги укинат хартиените книги и наставата да се реализира само со електронски книги, а други пак беа токму за спротивното. Имајќи предвид дека РСМ нема вистинска дигитална инфраструктура за учење само од електронски книги, МОН „се повлече“ чекор назад и реши да продолжи со традиционална форма на наставата. Но, сега, книгите се издаваат и во електронска форма и учениците можат да учат и од нив, но оваа опција е на доброволна основа.

Во текот на 2022 година учениците од деветтите оделенија за прв се запишаа во дредните училишта преку електронскиот формулар. Меѓутоа, за да ја докажат нивната веродостојност учениците мораа да ги достават истите документи во училиштата до комисиите за регистрација.

Инсистирање и притисок за дигитализација на образовниот систем во земјава имаше и од граѓанскиот сектор, кој преку различни активности побара воведување на дигиталните методи на учење. Студентите и младите побараа дигитализација на високото образование, и преку еден документ на тема „Дигитализацијата на високото образование – предизвиците и можностите” дадоа препораки за изработка на Националната стратегија за дигитализација на високото образование.

Во текот на 2022 година, нострификацијата и еквивалентноста на странските дипломи во Северна Македонија започна да се прави во дигитална форма. Дигитализацијата на апликациите за стипендии за учебната година 2022/2023 влијаеше годинава за првпат да нема долги редици ученици и родители, односно старатели пред Министерството за достава на потребните документи.

Во областа на судството, во март 2022 година започна процесот на инсталирање на ИКТ опрема во петте основни судови како дел од Оперативниот план за дигитализација на судството, во кој беа вклучени судот во Кавадарци, Струмица, Штип, Скопје и Граѓанскиот суд. Преку дигитализацијата на судството странките ќе можат да учествуваат на седниците и кога нема да можат да учествуваат со физичко присуство. Оваа година Кралството Норвешка ќе донира 6,8 милиони евра за нов електронски систем за распределба на предметите (АКМИС), бидејќи судиите манипулираа со стариот систем. Во тек на 2022 година, се одржа и првото судење во новата дигитална сала во рамки на затворот во Идризово.

Во однос на дигитализацијата на инспекциите, во декември беше промовиран информатичкиот систем за инспекциски надзор “E-инспектор”. Платформата “E-инспектор” за модернизација на инспекциските служби, која е подготвена со помош на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), започна во февруари 2022 година и ќе функционира 18 месеци или до август 2023 година под покровителство на Инспекцискиот совет. До 2024 година „Е-инспектор“ се очекува да се поврзе на сите 28 инспекциски служби. Ќе биде поврзана со сите инспекциски служби на централно ниво, со можност за поврзување и од страна на општинските инспектори. Ќе овозможи автоматско планирање на инспекциските надзори врз основа на проценка на ризикот и следење на прелиминарните дејствија на субјектите на надзор. Системот ќе овозможи и автоматска распределба на предметите до инспекторите и регионите/областите.

Фото: Илустрација: Фисник Џелили/Порталб.мк во Canva

Граѓанскиот сектор го надгледува и придонесува за процесот на дигитализација на земјата

 

За трансформацијата на една земја во по дигитална земја, како и претходната година така и во 2022, голем придонес имаше граѓанскиот сектор, со Фондацијата Метаморфозис како лидер во оваа област која преку активности, истражувања и соработка со владиниот сектор ја подобрува состојбата во оваа насока. Овде вреди да се спомне проектот „Зголемување на граѓанското учеството во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис од Северна Македонија, заедно со партнерските организации од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Естонија. Тој се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија и промовира подобри дигитални услуги во регионот на Западен Балкан.

Во тек на оваа година, преку овој проект беше реализирана студиска посета на Eстонија, во која имаше и учесници од Владата, се разменија знаења и регионални дијалози за дигиталната агенда. Беа објавени и два извештаи за дигиталната агенда, првиот објавен во јануари беше збирен Извештај за напредокот на дигиталната агенда за 2021 година во земјите на Западен Балкан, а вториот кој беше објавен во јуни 2022 година за Актуелната состојба и насоките за унапредување на дигиталната агенда во Северна Македонија (2022). Конечното истражување за состојбата на развојот на електронското владеење и дигиталната писменост во земјите од Западен Балкан за 2022 година е веќе подготвено и во наредните денови се очекува да биде објавено за јавноста.

Преку овој проект направени се 29 инфографици, 3 видеа, 2 анимации, 9 истражувачки и едукативни написи, се одржаа 6 вебинари, поделени се 29 подгрантови, од кои пет во Северна Македонија. Порталб.мк во текот на целата година известуваше за овие настани, како и за дигиталните проблеми со кои се соочува државата.

Во декември се одржа регионалната конференција e-Општество.мк на која беше истакнат напредокот на Балканот во однос на дигиталната агенда.

Фото: Илустрација: Фисник Џелили/Порталб.мк во Canva

Надежите и предизвици за наредните години

Во следните две години, Северна Македонија се очекува да основа Aгенција за сајбер безбедност, која ќе се занимава со спречување на можните сајбер напади, како и Дигитална Агенција. Во едно интервју за Порталб.мк ова го потврди министерот на МИОА Адмирим Алити. Буџетот на МИОА за 2023 година, достигнува вредност од 1.580.029.000 денари.

На само неколку дена пред крај на 2022 година, на 115 седница на Владата на Северна Македонија беше донесена одлука да Северна Македонија учествува во програмата на Европската Унија „Дигитална Европа за периодот 2021-2027”. Министерството за информатичко општество и администрација е надлежно за оваа иницијатива. Со потпишувањето на договорот, од 01.01.2023 година земјата е членка на програмата Дигитална Европа и сите граѓански организации, компании и институции ќе можат да учествуваат во проектите реализирани преку оваа програма, чиј вкупен планиран буџет е 7,5 милијарди евра.

Во буџетот за 2023 година на Министерството за информатичко општество и администрација предвидени се средства за дигитализација на услугите за граѓаните и бизнисите во износ од 154.795.000 денари, или 38 милиони денари повеќе од лани.

Северна Македонија треба да помине уште долг пат до дигиталната трансформација. Иако земјата направила реформи во оваа насока, се уште ја чека уште многу работа. Ова е констатирано и во Последниот Извештај за 2022 година за напредокот на Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. Извештајот ги истакнува недостатоците на кои земјата треба да работи и точките каде што таа постигнала напредок.

Линк до оргиналниот текст: Дигитализација во РСМ во 2022 година: Далеку се услугите со еден клик, цената за тоа ја плаќаат граѓаните | Meta.mk

Оваа истражувачка сторија е подготвена како дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA“, кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-Влада (Естонија), Движењето Доста! (Албанија), Партнери за демократски промени Србија (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и Open Data Косово (Косово).

Оваа истражувачка сторија е подготвена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на истражувачката сторија е единствена одговорност на Фондацијата Метаморфозис и авторот и на ниту еден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Сподели:

29349
meta tim sliki-02.jpg

ICEDA

Останати блог текстови

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

10.11.2023

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го […]

“Вештачката интелигенција да превенира говор на омраза онлајн, но да не ја спречува слободата на говор” – Новинска агенција Мета.мк

10.11.2023

Во битката меѓу престапниците како креатори и вештачката интелигенција како превентивен механизам, од суштинско значење е да не настрада слободата на изразување Фото: cottonbro studio: https://www.pexels.com/photo/person-in-white-long-sleeve-shirt-using-macbook-air-5077038/ Моделите на вештачка интелигенција (ВИ) напредуваат и имаат можност да откријат говор на омраза онлајн, а со тоа превентивно да влијаат врз неговото ширење особено преку водечките социјални мрежи, […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]