mediumski-item-img-1.png

16.03.2010

Одржани првите презентации за отворен пристап

Во понеделникот (15.03.2010) беа одржани две презентации за отворен пристап, првата на Економскиот Институт, втората на Универзитетот Фон.

mediumski-item-img-1.png

16.02.2010

Одржана седмата работилница на тематската мрежа Комунија во Луксембург

На 1 и 2 февруари, во простории на националната библиотеката на Луксембург, се одржа седмата работилница во рамките на проектот Комунија, насловена: „Дигитални политики: јавниот домен и алтернативните системи за надоместување“.Во фокусот на работилницата беа теми од претходните настани на Комунија, со цел систематизирање на идеите за препораки за политики на ниво на Европа.

mediumski-item-img-1.png

08.02.2010

Ден на побезбеден интернет 2010 во Македонија

Метаморфозис го одбележува Денот за побезбеден интернет со потсетување на основните принципи и научни резултати, јавно предавање и учество на јавни расправи.

mediumski-item-img-1.png

03.12.2009

Одржана Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк: „Јас медиум“

Заврши петтата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Јас медиум“. Истата траеше два дена и беше насочена кон улогата на новите медиуми во поткрепувањето на дебатата и дијалогот, учеството и општествените промени.

mediumski-item-img-1.png

02.12.2009

Започна Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк

Сесиите од Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк: „Јас медиум“ се во тек. За повеќе информации кликнете овде. Наскоро ќе следува подетален извештај од конференцијата.

mediumski-item-img-1.png

27.11.2009

Најава за презентација на Евалуацијата на влијанието на активностите на Проектот за е-влада на УСАИД

На 30 ноември со почеток од 10 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје ќе биде извршена презентација на Евалуацијата на влијанието на активностите на Проектот за е-влада на УСАИД, со особен нагласок на е-услугите за деловниот сектор. Евалуацијата е извршена од Фондацијата Метаморфозис во периодот јули-септември 2009.

mediumski-item-img-1.png

22.10.2009

Најава: Петта меѓународна конференција „е-Општество.Мк 2009“

Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк во 2009 година ќе се одржи на 2 и 3 декември (среда и четврток) во Скопје, Република Македонија.

mediumski-item-img-1.png

05.10.2009

Барселона: Комунија – Јавниот домен и мемориските институции

На 1 и 2 октомври 2009 година на Универзитетот од Барселона се одржа Шестата работилница од проектот КОМУНИЈА на тема мемориски институции (како библиотеки, музеи, архиви, институции за зачувување на наследството) и јавниот домен.

mediumski-item-img-1.png

05.10.2009

Одржана тркалезна маса за улогата на јавните точки за пристап на интернет во развојот на локалната демократија

Во организација на Фондацијата Метаморфозис и АЛДА на 15 септември 2009 година, се одржа тркалезна маса за улогата на јавните точки за пристап на интернет во развојот на локалната демократија. Настанот беше одржан во рамки на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, со поддршка од Република Франција.

mediumski-item-img-1.png

12.09.2009

„Слобода наместо страв“ 2009: едукација на граѓаните за нивните права

Поради утврденото ниско ниво на јавна свест учеството на организациите од Македонија во светската акција „Слобода наместо страв“ вклучуваше активности за едукација на граѓаните.

mediumski-item-img-1.png

11.09.2009

Најава: Тркалезна маса за улогата на јавните точки за пристап на интернет во развојот на локалната демократија

На 15 септември 2009 година (вторник) помеѓу 11:00 и 14:00 часот во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Улогата на јавните точки за пристап на интернет во развојот на локалната демократија“.

mediumski-item-img-1.png

07.09.2009

Најава: Слобода наместо страв 2009 – слободен ден за информирање за приватноста

Во сабота, 12 септември, од 11 до 14 часот ќе се обележи Меѓународниот ден за акција за демократија, слободен говор, човекови права и граѓански слободи, а против цензура, масовен надзор и масовно задржување на податоците.