mediumski-item-img-1.png

03.12.2007

Претставување на Криејтив комонс и видео дела во Битола

Промоцијата на лиценците Криејтив комонс продолжи викендов, во кафе барот Де Ниро во Битола. Организирајќи го целиот настан во малку поинаков амбиент од досегашните, наидовме на многубројна пубилка составена од млади луѓе кои сакаа да разберат повеќе за Криејтив комонс.

mediumski-item-img-1.png

03.12.2007

Одржана Третата меѓународна конференција е-Општество.Мк во организација на фондацијата Метаморфозис

Фондацијата Метаморфозис минатата недела ја организираше Третата меѓународна конференција „е-Општество.Мк 2007“ со тема „Инклузивна е-власт“ во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан”.

mediumski-item-img-1.png

03.12.2007

Промоција на Криејтив комонс во Велес

Турнејата за промоција на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс продолжи во Велес на 22-ри ноември со промоција на книгата на блогерот Алекс Букарски “Луѓе на кои не им се отвара падобранот“, како и со настапот на бендот Али Баба.

mediumski-item-img-1.png

28.11.2007

Одржана работилница за инклузивна е-власт во Тирана

На 26-ти ноември, 2007 г., во Тирана, Република Албанија, се одржа работилница во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-Власт во Западен Балкан“.

mediumski-item-img-1.png

27.11.2007

Резиме од работилницата „Инклузивна е-Власт во Македонија“ одржана на 23-ти ноември во Скопје

Фондацијата Метаморфозис организираше работилница на тема „Инклузивна е-Власт во Македонија“, која се одржа во просториите на Стопанска комора во Скопје на 23 ноември 2007 година.

mediumski-item-img-1.png

21.11.2007

Најава: Промотивна турнеја на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс – Велес

На 22 ноември, 2007 г., со почеток во 19:30 во Салонот при Музеј на град Велес ќе се одржи третото претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс.

mediumski-item-img-1.png

16.11.2007

Метаморфозис на шестото издание на Саемот за невладини организации

На 16-ти и 17-ти ноември, 2007, се одржа шестиот Саем на невладини организации, насловен „Форум на граѓанското општество“.

mediumski-item-img-1.png

05.11.2007

Промоција на Криејтив комонс во Неготино

Промоцијата на лиценците Криејтив комонс продолжи со настанот во Неготино кој се случи во петокот, на 2-ри ноември, на кој воедно беа изложени делата на младиот уметник Методи Ангелов.

mediumski-item-img-1.png

02.11.2007

Најава: Промотивна турнеја на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс – Неготино

На 02 ноември 2007 година со почеток во 20:00 во Музеј на град Неготино ќе се одржи второто претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс.Фондацијата Метаморфозис во соработка со НВО Контрапункт ќе одржи серија културни настани низ Македонија со цел меѓу уметниците да ги промовира лиценците Криејтив комонс, веќе локализирани на македонски јазик.

mediumski-item-img-1.png

18.10.2007

Изложба и промоција на Криејтив Комонс во Струмица

Со изложбата на четири млади уметници, на 16ти овој месец во Струмица, започна промотивната турнеја на македонската верзија на лиценците Криејтив Комонс. Настанот се оддржа во  Центарот за култура Антон Панов во Струмица, а со по три дела учествуваа Столе Ангелов, Мери Доневска Костуранова, Милена Станишлевиќ и Ване Костуранов кој воедно беше и куратор на изложбата.

mediumski-item-img-1.png

26.09.2007

Заедничка трибина на учесниците во проектите за е-влада од Шестата рамковна програма

Состанокот ќе се одржи во хотелот Александар Палас на 26.09.2007 од 17 до 19 часот. Тема на овој состанок ќе биде одобрувањето на акционите планови за е-влада во Македонија во периодот 2007-2008 г. и имплементацијата на проектите од Шестата рамковна програма (FP6). Целта на оваа заедничка трибина ќе биде подигање на свеста за ефективноста на тековните проекти од FP6 за е-влада во имплементацијата на Македонскиот рамковен акционен план за е-влада во пракса.

mediumski-item-img-1.png

20.06.2007

Објавени македонските лиценци Криејтив комонс

Г. Џои Ито, претседавач на Криејтив комонс, на 19 јуни 2007 година во Скопје, ја промовираше македонската верзија на светски познатите лиценци кои овозможуваат ширење на слободна култура. Со прилагодувањето на лиценците на нејзиниот правен систем Македонија стана 38 земја-членка на семејството на Криејтив комонс.