mediumski-item-img-1.png

26.09.2007

Заедничка трибина на учесниците во проектите за е-влада од Шестата рамковна програма

Состанокот ќе се одржи во хотелот Александар Палас на 26.09.2007 од 17 до 19 часот. Тема на овој состанок ќе биде одобрувањето на акционите планови за е-влада во Македонија во периодот 2007-2008 г. и имплементацијата на проектите од Шестата рамковна програма (FP6). Целта на оваа заедничка трибина ќе биде подигање на свеста за ефективноста на тековните проекти од FP6 за е-влада во имплементацијата на Македонскиот рамковен акционен план за е-влада во пракса.

mediumski-item-img-1.png

20.06.2007

Објавени македонските лиценци Криејтив комонс

Г. Џои Ито, претседавач на Криејтив комонс, на 19 јуни 2007 година во Скопје, ја промовираше македонската верзија на светски познатите лиценци кои овозможуваат ширење на слободна култура. Со прилагодувањето на лиценците на нејзиниот правен систем Македонија стана 38 земја-членка на семејството на Криејтив комонс.

mediumski-item-img-1.png

18.06.2007

Концерт на Душко Јаневски во Точка

Како дел од официјалното претставување на македонската верзија на  лиценците Криејтив комонс, во Културниот центар Точка ќе биде одржан концерт на Душко Јаневски.

mediumski-item-img-1.png

15.05.2007

Конференција за слободен софтвер во локалната самоуправа

На 15.5.2007 година во хотелот Холидеј Ин во организација на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС ќе се одржи конференција посветена на слободниот софтвер и неговата употреба во локалната самоуправа

mediumski-item-img-1.png

10.05.2007

Одржана трибината „Насоки за подобрување на информациската сигурност во Република Македонија“

На 7 мај 2007 во сала на Стопанската комора на Македонија се одржа трибината „Насоки за подобрување на состојбата со информациската сигурност во Република Македонија“ организирана од Фондацијата Метаморфозис наменета за македонските експерти за информациска сигурност и заинтересираните страни.

mediumski-item-img-1.png

30.04.2007

Најава за трибина „Насоки за подобрување на информациската сигурност во Република Македонија“

Трибината се одржува со цел да ги адресира предизвиците и можностите за подобрување на нивото на информациска сигурност во Република Македонија, како од технолошки така и од организациски аспект. На трибината ќе биде претставена нацрт-верзијата на документот „Насоки за информациска сигурност“  изработена од експертски тим во склоп на проектот „Иницијатива за информациска сигурност“ на Фондацијата Метаморфозис

mediumski-item-img-1.png

30.04.2007

Одржан првиот состанок на жирито за Наградата на Светскиот самит – Македонија

На 23 април 2007 година во Детскиот театарски центар во Старата чаршија во Скопје се одржа првиот состанок на жирито за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за Македонија.

mediumski-item-img-1.png

05.04.2007

Софија, Бугарија: Работилница за применети политики за слободен софтвер Флос ворлд

На 30 и 31 март во Софија, Бугарија се одржа работилница на проектот FLOSSWorld во организација на Интернет општество – Бугарија. На работилницата учествуваше и тимот на Фондацијата Метаморфозис, презентирајќи ги состојбите во врска со применетите политики и слободниот софтвер во Македонија во периодот март 2006-март 2007 година

mediumski-item-img-1.png

22.02.2007

Трибина на тема „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“

Трибината се одржува со цел да ги адресира предизвиците и можностите за зголемување на широкопојасниот пристап на интернет со цел да се подобри квалитетот на текстот за широкопојасниот пристап на интернет во рамките на Националната стратегија за развој на електронски комуникации и информатички технологии којашто се подготвува од страна на работна група во рамките на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија

mediumski-item-img-1.png

19.02.2007

Средба на Метаморфозис со министерот за информатичко општество, Иво Ивановски

На средбата беа претставени активностите на Фондацијата Метаморфозис, особено тековните активности чија главна компонента е помошта при изградба на капацитетот на институциите на системот и подигање на јавната свест за значењето и полезноста од изградбата на информатичкото општество

mediumski-item-img-1.png

16.02.2007

Работилници за слободен софтвер во Македонија

Во рамките на проектот на УНДП „Поддршка на иницијативите за е-управување на локално ниво базирани на слободен софтвер (ФОСС)“, од 19-23 февруари 2007 ќе се одржат работилници/семинари за слободен софтвер

mediumski-item-img-1.png

17.01.2007

Презентација на „Електронски информации за библиотеки“ на Тетовскиот Универзитет

На 11 јануари 2007 година во амфитеатарот на Тетовскиот Универзитет се одржа презентација за Електронски информации за библиотеки (eIFL). Презентацијата ја водеше Јорданка Петрушевска од Фондацијата Метаморфозис