mediumski-item-img-1.png

04.06.2009

Најава: Еднодневни обуки за блогирање за невладини организации

Во рамките на проектот „Поттикнување локални е-содржини“, Фондацијата Метаморфозис ќе одржи серија еднодневни обуки за блогирање за членови на невладини организации. Тие ќе се одвиваат секој вторник и четврток со почеток од 11.06.2009, а местата ќе бидат пополнети според редоследот на пријавување.

mediumski-item-img-1.png

16.05.2009

Одржана обука за Википедија и Глобал Војсис за студенти од Филолошки факултет

Како дел од активностите за проектот „Поттикнување на локални е-содржини“, Фондацијата Метаморфозис организираше две обуки за поставување на написи онлајн за дел од студентите од Филолошкиот факултет, катедра англиски јазик.

mediumski-item-img-1.png

01.04.2009

Работилница за дигитални приказни „Сите имаме минато“

Во втората половина на март, Метаморфозис спроведе работилница за дигитално раскажување приказни, на која учество земаа членови од НВО „Доверба“ и лица зависни од дрога.

mediumski-item-img-1.png

11.02.2009

Заврши циклусот на работилници за дигитални приказни

Викендот на 31 јануари и 1 февруари се одржа последната од циклусот од три работилници за дигитални приказни, кои беа организирани од Британскиот совет и Cre8tive8, во партнерство со фондацијата Метаморфозис.

mediumski-item-img-1.png

27.01.2009

Млади Роми вклучени во втората работилница за дигитални приказни

Како продолжување на проектот „Imagine your future“ (Замисли ја својата иднина) на Британскиот совет и Cre8ive8 , а во партнерство со Фондацијата Метаморфозис, на 20 и 21 декември 2008 година се одржа втората по ред работилница за креирање на дигитални приказни. Во оваа работилница беа вклучени млади Роми од организацијата Сумнал.

mediumski-item-img-1.png

21.11.2008

Предавање за студентите од Универзитетот „Трето доба“

Вчера, со почеток во 17 часот, во просториите на Филозофскиот факултет се одржа информативно-едукативно предавање за студентите од скопскиот универзитет „Трето доба“, на тема: „Искористување на компјутерите и интернетот во секојдневниот живот“.

mediumski-item-img-1.png

20.10.2008

Одржана работилница за DigiTales во просториите на Метаморфозис

Во соработка со Британски совет, Cre8ive8 и Меѓаши во просториите на фондацијата Метаморфозис беше одржана работилница за креирање DigiTales, како дел од проектот „Imagine your future“ (Замисли ја својата иднина). Оваа работилница е прва од циклусот од три вакви планирани работилници.

mediumski-item-img-1.png

06.10.2008

Нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата

Oд денес, официјално започнува новиот циклус едукативни презентации за безбедно користење на интернет од страна на децата, наменети, покрај за нив, и за нивните родители и наставници во основните и средните училишта во Македонија.

mediumski-item-img-1.png

03.10.2008

Предавање за новинари: предизвици поврзани со користењето на интернет од страна на децата

На 2 октомври, 2008г. во просториите на Метаморфозис се одржа предавање за предизвиците поврзани со користењето на интернет од страна на децата.

mediumski-item-img-1.png

15.09.2008

Обука за дигитално раскажување приказни во Сараево

Од 4 до 11 септември, во Сараево се одржа обука за дигитално раскажување приказни на која присуствуваа 12 учесници од неколку балкански земји и од Италија. Настанот го организираше OneWorld SEE во соработка со Италијанската амбасада во овој град.

mediumski-item-img-1.png

06.06.2008

Едукациите за безбедно користење на интернет се во тек

Над 4300 деца, родители и наставници од цела Македонија се опфатени со активностите за безбедно користење на интернет од страна на децата, кои се одвиваат во 28 основни и средни училишта, во рамките на проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет кој го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“.

mediumski-item-img-1.png

21.05.2008

Безбедно на интернет: почнаа едукациите во училиштата

По еднонеделните подготовки кои се случуваа во периодот од 12 до 16 мај, едукаторите кои беа обучени на претходно одржаниот семинар на тема „Заштита и безбедност на децата и нивните права на Интернет“, во рамките на истоимениот проект, оваа недела почнаа со спроведување на едукативните презентации во училиштата.