Опсерваторија за Дигиталната агенда – Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија (2021)

Дигитализација во сите сфери и за сите општествени групи (без исклучок) е ефективен механизам за подобрување на добросостојбата на граѓаните. Тоа подразбира унапредување на електронското работење и поголема ефикасност на институциите, организациите и на другите општествени субјекти. Неопходноста од дигитализација стана уште поевидентна поради пандемијата со КОВИД-19, затоа што укажа на ургентната потреба од механизми, […]

Анализа на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија

Зошто огромен број граѓани, но и новинари, политичари, професори и други јавни личности, потпаднаа под влијание на дезинформации за ковид-19 до тој степен што и самите земаа активна улога во нивно ширење, приспособување и измислување? Оваа појава претставува проблем на светско ниво, а е особено изразена во Република Северна Македонија, екстремно поларизирано општество, каде што […]

алГОВритми 2.0 – документ за јавни политики

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство организациите од регионот: Коховолит.еу – Чешка, К-Монитор – Унгарија, Опен Дата Косово – Косово и еПанство Фондација – Полска ги изготви следните препораките за јавни политики „алГОВритми 2.0“. Овој документ има за цел да ги информира сите заинтересирани за препораките кои произлегуваат од истражувањето направено во изминатиот период, во секоја од […]

Проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план на стратегијата за транспарентност (2019-2021) во периодот ноември 2019 – ноември 2020

Овој мониторинг го проценува спроведувањето на АП во две димензии: (1) дали се спроведува навремено и (2) дали се спроведува целосно во случаен примерок од 50 институции: 16 министерства и 34 органи и тела на извршната власт. Подготвени се четири различни прашалници според видот на институцијата и активностите кои тие институции требаше да ги спроведат […]

Опсерваторија за Дигиталната агенда – Истражување за основната состојба за развој на е-влада и дигиталната писменост во целните земји од Западен Балкан 2020 година

Напорите за обезбедување на широкопојасен интернет до сите граѓани на регионот на Западен Балкан се препознаваат, меѓутоа, земјите треба да бидат повнимателни во ажурирањето на нивните стратешки и регулаторни документи. Земјите доцнат со усогласување на правните акти, а уште повеќе доцнат со спроведувањето на иновациите. Имајќи ја предвид природата на процесот на дигитализација, тој треба […]

Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во 17 единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност. Извештајот дава анализа на работата на единиците на локалната […]

Истражување: Пандемија или инфодемија? Критичкото мислење и теориите на заговор во време на пандемија

Истражувањето дава придонес кон корпусот знаење што го имаме како општество за феноменот на дезинформациите и лажните вести и за тоа како нашите вештини за критичко мислење можат да придонесат за зголемена отпорност на нашето општество кон пропагандите од секаков вид. Истражувањето покажува дека теориите на заговор и алтернативните наративи околу пандемијата се широко распространети […]

Истражување: Значењето, присуството и свеста за критичко мислење и медиумска умешност во медиумската индустрија

Ова истражување го анализира влијанието на состојбата на медиумите и медиумската писменост врз вештините кај самите новинари да произведуваат квалитетни медиумски производи. Наодите од истражувањето покажуваат дека лошата економска состојба во која се наоѓаат медиумите, како и политичките притисоци и манипулацијата со медиумски содржини за остварување политички цели, се главните причини за падот на квалитетот […]

Состојбите и предизвиците за спроведување онлајн настава во основните училишта

Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси, поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), спроведе истражување за состојбата со онлајн наставата, фокусирано на основните училишта во нашата земја. Целта на ова истражување беше да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во РСМ во периодот март – јуни 2020 година, […]