Истражување за навиките на интернет кај децата

Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис, во јуни 2011 година, беа посетени 8 градови во Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Велес, Дебар, Неготино и Штип. Целта на посетите беше проекција на кратки едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот. За време […]

Мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернет и социјални медиуми

Во тек на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија.

Прелиминарни податоци од истражувањето „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатк

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“, спроведе истражување чија цел е утврдување на квалитетот на е-услугите и алатките за комуникација со граѓаните кои ги нудат gov.mk веб-локациите и истакнување на позитивни примери со цел поттикнување зголемено користење на овие е-услуги.Истражувањето го опфаќа […]

Прелиминарна анализа на веб-сајтовите на индивидуални кандидати за изборите 2009 (верзија 0.5)

Првата фаза на анализата на Метаморфозис покажува дека 93% од кандидатите за градоначалници не го користат интернет за промоција, а повеќето од оние кои го користат употребуваат мал дел од неговите можности за комуникација со граѓаните. Скоро сите претседателски кандидати имаат објавено веб-сајтови, при што единствената жена-кандидат за претседател нема сопствен веб-сајт, туку се презентира […]

Мини-истражување за навиките на интернет кај децата

По повод Денот на побезбеден интернет, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа настан на тема „Животот на интернет е повеќе од игра“. На настанот учество земаа 50тина ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Кочо Рацин“ од Скопје. Во оваа прилика беше спроведено мини-истражување на теми поврзани со приватноста и безбедноста […]

Користење на новите медиуми од кандидатите за изборите 2009

Фондацијата „Метаморфозис“ спроведе истражување и анализа на веб-сајтовите и користењето на социјалните медиуми на кандидатите за претседател на државата и градоначалници на локалните избори во 2009 година. Истражувањето покажа дека дека кандидатите не ги искористуваат во целост можностите за комуникација и интеракција преку веб и е-пошта со сите потенцијални гласачи. Споредбата на бројот на поддржувачи […]

Приватноста како основно човеково право

„На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот – Член 25, Устав на Република Македонија“Третиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ по повод Денот на заштитата на личните податоци, […]

ИКТ Водич бр.4: Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме?

Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите. Подготвен е во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општественото и […]