Мени

Се оддржа meet-up за подготовка на конференцијата Е-општество

NetSquared Balkans (Фондацијата Метаморфозис) го организираше првиот meet up “Влијанието на технологиите во новинарството” посветена на НВО претставници и новинари, на 27.12.2016, вторник.

20161227_151122

Овој meet up имаше за цел да ги презентира сите теми кои беа најавени за 12та конференција “Е-Society”, која ќе се одржи во месец јануари 2017 година во организација на Фондацијата Метаморфозис, и да ги разгледа сите можности за додавање на потребни теми или работилници кои беа предложени од страна на учесниците кои присуствуваа на овој meet up.

20161227_151114

Темите кои беа презентирани на оваа неформална средба беа:

- Алатки за анализирање на податоци и визуелизација како: Tableau, Infogr.am, Piktochart, TimelineJS

- Влијанието на социјалните медиуми во Македонија – презентација на добри и лоши практики

- Користењето на отворени податоци за новинарство базирано на факти

- Промоција на апликацијата “времеплов”, за архивирање на медиумски содржини

Исто така беа презентирани и можностите кои ги нуди TechSoup Balkans за невладините организации, кои сакаат да добијат донација на алатките за визуелизација како што е алатката на донаторот Tableau. На овој meet up присуствуваа 11 претставници на медиумите и невладиниот сектор.

20161227_151106