Фондацијата за Интернет и општество Метаморфозис со задоволство го поддржува настанот Јава Пиво Скопје на тема „Омоќување на тимовите да се справат со честите проблеми во наследените системи.“ Настанот е во организација на Scalefocus и е предвиден да се одржи на 13.09.2022 година (вторник) во 19:00 часот во Јавна соба.

„Не постојат книги со стратегии или упатства за тоа како да се справите со базите на наследените кодови и секој софтверски инженер во одреден момент од кариерата ќе мора да се соочи со големи предизвици кога ќе наследи таква база на кодови. Споделувањето значи грижа едни за други и ние сакаме да изградиме силна Јава заедница. Придружете се на врвните професионалци на Scalefocus, добијте знаење директно од изворот, поставувајте прашања и бидете дел од технолошката заедница која ги поставува насоките на движење и ги создава решенијата. Сите одговори ќе бидат дадени во пријателска атмосфера со ладно пиво и вкусно мезе,“ – велат организаторите.

Во оваа презентација, Владимир Цонев – главен софтверски инженер во Scalefocus, ќе даде корисни упатства за справување со наследната база на кодови што штотуку сте ја наследиле. Тој ќе сподели неколку совети и трикови за тоа како можете да ја подобрите базата на кодови без страв дека ќе ги прекршите веќе испорачаните функции.

За говорникот:

Владимир Цонев е главен софтверски инженер во Scalefocus, посветен на достигнување техничка извонредност во нашиот Јава тим. Тој има искуство од речиси 10 години во сферата на софтверско инженерство, градејќи системи во различни домени како осигурување, угостителство и здравствена заштита. И покрај тоа што напорно се трудел да биде агностик на јазикот/технологијата, тој сè уште ја смета Јава за свое мултифункционално швајцарско ноже.

Повеќе информации за настанот на следниов линк.

Сподели: