На 7 јули 2022 година се одржа четвртата средба на Работната група за подготовка на предлог- Законот за користење на податоците од јавниот сектор. Работната група е дел од активностите што Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, ги спроведува за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024).
Работната група е составена од петнаесетина претставници на државни институции, граѓански сектор и медиуми, и даде значаен придонес во подготовката на проценка на влијанието на спроведувањето на сегашниот Закон (ex-post evaluation), проценка на влијанието на новото законско решение (regulatory impact assessment) и подготовка на новиот предлог Закон.
Работната група ја финализираше анализата на Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019-1024), како и Проценката на влијанието на спроведувањето на сегашниот Закон и придружниот Правилник. На вчерашната средба, Ирена Бојаџиевска ја презентираше првата верзија од новото законско решение.
Следната средба е закажана за крајот на јули 2022 година.
Сподели: