Последниве години предизвикаа примена на дигитални и технолошки решенија со невидена брзина во сите сектори. Ваквиот брз развој се соочи со многу предизвици. Еден од нив е стравот од сѐ поголемиот јаз меѓу случувањата и граѓаните. Оваа брзина без преседан можеби предизвика и појава на нова група на дигитално ранливи групи. Секоја иновација треба прецизно да го адресира ова прашање: идните развивања на технологијата не треба да се водат само од технолошки изводливото, туку од она што е општествено пожелно и прифатливо.

Затоа, промоцијата и развојот на дигиталните вештини и писменост се клучни. Од таа причина, заедно со партнерите на ИЦЕДА, тимот на Академијата за е-владеење организираше вебинар за градење дигитални вештини со искуство и знаење од Естонија. Вебинарот беше наменет за градење на капацитетите на подгрантантите и членовите на мрежата ИЦЕДА од вториот циклус на шемата за мали грантови ЛОТ 2: Доделени грантови за иницијативи за застапување на дигитална агенда.

 

Целта на овој вебинар беше да се зборува за развој и промоција на дигитални вештини преку неформалното образование (влада, граѓански организации, приватни бизниси) за сите: како и кои основни дигитални вештини да се понудат, каква обука или менторство да се даде кога тоа е потребно, како да се зголеми дигиталната писменост, што направи Естонија за да ги развие дигиталните вештини на своите луѓе од различни возрасти, пол, групи итн.

 

Обучувачите, Антс Силд, консултант и тренер за ИТ и стратегиски менаџмент и претседател на одборот Baltic Computer Systems & BCS Koolitus, и Кристина Менд, виш експерт за е-демократија во eGA и активист на граѓанското општество, ги водеа учесниците низ процесот и дискусиите. Тие одржаа обука преку комбинација на неколку наставни методи во зависност од сесијата и динамиката на работната група меѓу кои: кратки предавања со презентации, работа во мали групи, студии на случај, аргументација и дискусија на презентациите, придонес на учесниците и прашања и одговори.

——————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-Владеење (Естонија), Левизја Мјафт! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ОДК – Отворени податоци Косово (Косово). Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: