Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондација Метаморфозис организираше три хакатони за отворени податоци. Победничкото решение на третиот хакатон за отворени податоци е финализирано и спремно за користење на www.najdiapteka.mk.

Апликацијата е имплементирана како мапа каде се лоцираат аптеки и здравствени установи кои нудат одредени продукти или услуги. При клик на некој од лоцираните објекти се појавуваат податоци за објектот. Корисникот може да користи филтри при пребарување, но и тип на превозно средство што ќе го користи за да стигне до локацијата за и цената на горивото да се пресмета во крајниот износ.

Апликацијата ги дава резултатите од пребарувањето сортирани од најевтини до најскапи. Корисникот може да регистрира профил и да се најави, со што ќе му се овозможи да води листа со омилени продукти. Оваа листа може да се прегледа со клик на копчето “Омилени”.
Веб апликацијата за мапирање на аптеките и споредување на нивните цени поддржува два јазика: македонски и албански.

Третото издание на Хакатонот за отворени податоци беше организирано од страна на Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во периодот од 24 до 27 март 2022 година, во Скопје. Целта на хакатонот беше да се развие веб/мобилна апликација која ќе овозможи визуелизација, интерактивно прикажување и/или олеснување/дигитализирање на процесите за полнење и ажурирање на податоци од бази кои се објавуваат од страна на органите на државна управа. На хакатонот за отворени податоци учествуваа 5 тимови кои беа составени од студенти и стартап компании.

Сподели: