Фото: Фондација „Метаморфозис“

Двајца практиканти во медиумите на Фондацијата „Метаморфозис“, Мета.мк и Поратлб.мк, заедно со двајца претставници на фондацијата, изниматиот период беа дел од еднонеделна студиска посета во Вашингтон, САД. Посетата ја организираше Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) кои се повеќегодишни партнери на Метаморфозис.

Покрај средбите кои новинарите ги имаа со претставници на Меѓународниот центар за новинари, тие беа во посета и на неколку редакци и образовни институции. Дел од редакциите кои беа посетени ги вклучуваат и магазинот „Форејн полиси“, потоа реномираниот „Вашингтон пост“, како и онлајн медиумот „Аксиос“.

Покрај тоа, беа организирани и серија предавања на тема борба против дезинформации, како и посета на Факултетот за новинарство при Универзитетот Мериленд и на ПЕН Америка. Исто така, беше одржана и средба со повеќе претставници на американскиот Стејт департмент. Најрелевантните теми на студиската посета беа вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз дезинформациите и новинарството базирано на податоци.

Посетата беше финалниот дел од програмата „Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука во Северна Македонија“ која Фондацијата Метаморфозис ја спроведува заедно со Меѓународниот центар за новинари (ICFJ), а со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Програмата започна со четири обуки за млади од областите податочно новнарство и дезинформации одржани во февруари, март, април и мај оваа година. Најдобрите седум од 40-те учесници беа одбрани за едномесечен практинатски ангажман во медиумите на „Метаморфозис“, односно новинска агенција Мета, Порталб и Вистиномер. Најдобрите двајца од тие седум практиканти беа одбрани за студиската посета во САД.

Сподели: