Денес се одржа националната средба на новите членови на мрежата за застапување ИЦЕДА за Северна Македонија. На онлајн средбата присуствуваа новите суб-грантисти и членови на мрежата, односно Младински образовен форум и Центар за социјални иновации БЛИНК 42-21. Средбата беше наменета за обезбедување на простор за вмрежување на суб-грантистите / членови на мрежата ИЦЕДА и нивно запознавање со проектот и мрежата ИЦЕДА, правилата за известување и видливост на проектот, како и следните чекори за градење на нивните капацитети и функционирање на мрежата.

Фондацијата Метаморфозис и партнерите на проектот „Зголемување на граѓанскиот ангажман во дигиталната агенда – ICEDA“, ко-финансиран од Европската унија, со задоволство ве информираат дека 14 под-грантови се доделени преку вториот циклус на грантовата шема за мали грантови ЛОТ 2: Доделување под-грантови за иницијативи за застапување во области поврзани со Дигиталната агенда.

14-те мали грантови беа доделени на граѓански организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои во наредниот период заедно со нивните медиумски партнери, како дел од мрежата ИЦЕДА, ќе работат на иницијативи за застапување кои директно одговараат на специфични прашања со кои се соочуваат граѓаните од Западен Балкан, во областите опфатени со Дигиталната агенда и ИЦЕДА.

Повеќе информации за 14-те доделени суб-грантови во Западен Балкан поддржани од ИЦЕДА може да најдете овде.

Проектот „Зголемување на граѓанск ото учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: