Партнерите во мрежата ИЦЕДА во соработка со партнерот домаќин Движењето МЈАФТ! (Албанија) организираат регионални дијалози за дигиталната агенда, овој пат на тема „Целосно дигитални јавни услуги“. Настанот ќе се одржи на 23 септември во Тирана (Хотел Џеко Империјал), а на него ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, граѓанското општество и други засегнати страни од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Настанот ќе послужи како простор за дискусија за јавните е-услуги кои се нудат во регионот на Западен Балкан, предизвиците за целосна транзиција од шалтери во онлајн испорака на услуги, капацитетите, подготвеноста и практиката на јавните институции да обезбедуваат јавни услуги онлајн. Настанот ќе ја нагласи и важноста на вклучувањето на граѓаните во процесот на креирање политики во дигиталната средина.

Покрај физичкото присуство, настанот може да се следи и во живо преку платформата ZOOM, или преку Фејсбук страницата на проектот ИЦЕДА (@ICEDAproject).

Поради ограничениот капацитет на локацијата, ги замолуваме сите заинтересирани да го потврдат своето присуство со пополнување на овој формулар: https://forms.gle/kBt1MfcnUPTz82GEA, најдоцна до 21 септември и да наведат дали ќе присуствуваат на настанот во живо или ќе го следат на ZOOM.

 

—————————————————————————————————————————————

 

Настаните се дел од регионалниот проект Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA, кој промовира подобро вклучување на граѓаните во обликувањето и спроведувањето на Дигиталната агенда во Западен Балкан. Финансиски е поддржан од Европската Унија.

Сподели: