На 25 февруари 2022 година Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество, организираше финален координативен состанок за подобрување на транспарентноста и отворање на податоците на единиците на локалната самоуправа. На состанокот беа презентирани спроведените активности и финализираните документи кои беа изработени како резултат на поддршката која ја добија 20 општини.

Во изминатиот период Фондацијата Метаморфозис обезбеди директна поддршка на следниве 20 единици на локалната самоуправа за подобрување на транспарентноста и отвореноста во нивното работење: Карпош, Ѓорче Петров, Лозово, Пласница, Струга, Новаци, Крушево, Демир Хисар, Могила, Гази Баба, Зелениково, Демир Капија, Валандово, Конче, Василево, Гевгелија, Струмица, Дојран , Радовиш, и Крива Паланка.

Во текот на месеците јануари и февруари, секоја општина работеше на подготовка на отворени податочни сетови кои ќе бидат објавени на нивните веб-страни во наредниот период.

Спроведените активности придонесуваат кон напорите на општините да бидат поотворени кон граѓаните и транспарентноста да ја темелат на отворени податоци и информации.

Сподели: