Фондација Метаморфозис активно работи на подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво и како дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“, спроведува активности за унапредување на отвореноста на институциите преку истражување, развој на капацитети и развој на алатки.

Фондација Метаморфозис учествуваше во работната група и овозможи техничка поддршка за подготовка на новата нацрт-Стратегија за транспарентност и седма година по ред ја следи отвореноста на институциите преку Индексот на отвореност. Индексот на отвореност е композитен сет на индикатори што ги оценува перформансите на извршната власт во областа на доброто управување со фокус на четири столба: пристапност, свест, интегритет и транспарентност, со хоризонтална тема – отворени податоци.

На 24 ноември, во просториите на Јавна соба, Фондација Метаморфозис ја спроведе првата од двете напредни еднодневни обуки за државните службеници, кои ги промовираат принципите на Индексот на отвореност.

Целта на обуката беше да ги подготви државните службеници со алатки и методи што служат за подобрување на отвореноста во нивните соодветни институции.

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: