ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, зголемувајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет и градење капацитети и интерес кај граѓанските организации и поединци во регионот за користење на технологијата во работата за промовирање на демократијата.
Во периодот 14-ти и 15-ти јуни 2023 година, основачките организации на мрежата ACTION SEE, во Сараево, Босна и Херцеговина, одржаа работилница за развивање на комуникациски план. На средбата присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис, Партнери за демократски промени Србија од Србија, Mjatf! од Албанија, и Зошто не? од Босна и Херцеговина.
Покрај учеството на работилницата за комуникации, претставниците на ACTION SEE мрежата, учествуваа и во овогодинешното издание на ПОИНТ конференцијата (Политичка отчетност и нови технологии), организирана од страна на нашиот партнер Зошто не? од Босна и Херцеговина.
ПОИНТ се стреми да биде платформа за граѓанското општество што ја поттикнува употребата на нови технологии – алатка за едукација за употребата на новите технологии и социјалните мрежи; форум за размена на мислења и искуства; инкубатор за развој на идеи, проекти и стратегии; виртуелно место за вмрежување и информирање на социјално свесните интернет корисници; како и социјална мрежа за истражување и барање партнери и соработници и градење коалиции.
Сподели: