Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, организираше иницијален он лајн состанок за спроведување на активности за отворање на податоците на пет државни институции. Состанокот се одржаа на 17 јуни 2020 година. На состанокот беа презентирани активностите кои се планирани да се спроведат во наредниот период, беше претставена временската рамка и се дискутираше за начинот на спроведување на активностите во институциите.

Состанокот го отворија Ќендреса Сулејмани, програмска директорка во Фондација Метаморфозис и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, а присуствуваа претставници на Министерството за локална самоуправа, Државната комисија за спречување на корупција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Државниот пазарен инспекторат и Министерство за информатичко општество и администрација.

Во наредниот период Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди техничка помош на горенаведените институции за подобрување на употребата на отворени податоци.

Сподели: