Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис организираше онлајн настан на тема отворена влада на локално ниво. Настанот се одржаа на 29 септември 2020 година и е петтиот од серијата настани кои се спроведуваат во рамки на промоција на Иницијативата „Отворен град”. Целта на настанот беше подигнување на свеста и зголемување на знаењето на различните засегнати страни за иницијативата „Отворен град” и за концептот на отворена влада на локално ниво. Гости говорници на настанот беа Бернард Крабина од Центарот за истражувања во јавниот сектор (KDZ) од Австрија и Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор на процесот на отворено владино партнерство. На настанот учествуваа 21 претставник на општините и граѓански организации кои дискутира за можностите и придобивките од имплементацијата на концептот на отворена влада на локално ниво.
Иницијативата „Отворен град” има за цел да ги трансформира градовите во потранспарентни, отворени и достапни организации, кои се во постојан контакт со граѓаните и кои одговараат на нивните потреби. Отворен град е модел за унапредување на работењето на градовите преку креирање на нова, подемократска локална инфраструктура на отвореност и партнерство со сите кои имаат удел во работењето и создавањето на подобра иднина во градовите: индивидуалните жители, организациите во заедницата, градската администрација, креаторите на политики и меѓународните партнери.
Сподели: