Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис организираше он лајн настан за промоција на Иницијативата „Отворен град”. Промотивниот настан се одржаа на 15 септември 2020 година. Целта на настанот беше подигнување на свеста и зголемување на знаењето на различните засегнати страни за Иницијативата „Отворен град”. Настанот го отвори Ќендреса Сулејмани, програмска директорка во Фондацијата Метаморфозис, а иницијата ја претстави Марија Николоска Арсовска, координатор на истата. Гостин на настанот беше Виктор Митевски од Здружението за истражување и анализи-ЗМАИ кој зборуваше за начините на вклучување на засегнатите страни во креирањето на Отворен град. На настанот учествуваа претставници на општините и граѓански организации кои дискутира за важноста на Иницијативата и придобивките од нејзината имплементација.
Иницијативата „Отворен град” има за цел да ги трансформира градовите во потранспарентни, отворени и достапни организации, кои се во постојан контакт со граѓаните и кои одговараат на нивните потреби. Отворен град е модел за унапредување на работењето на градовите преку креирање на нова, подемократска локална инфраструктура на отвореност и партнерство со сите кои имаат удел во работењето и создавањето на подобра иднина во градовите: индивидуалните жители, организациите во заедницата, градската администрација, креаторите на политики и меѓународните партнери.
Во наредниот период Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, ќе одржи повеќе он лајн настани и ќе се фокусира на различни аспекти поврзани со концептот како што се: алатки и најдобри практики за „Отворен град“, отворени податоци, отворена влада на локално ниво и учество на граѓаните во одлучувањето и креирањето на политики на локално ниво. Настаните кои следат ќе се одржат на:
- 21-ви септември 2020 година, 12:00 часот, настан на тема: Учество на граѓаните во одлучувањето и креирањето на политики на локално ниво, говорник: Кристина Јованова, Мисија на ОБСЕ во Скопје
- 25-ти септември 2020 година, 12:00 часот, настан: Работилница за отворени податоци и вклучување на засегнатите страни, говорник: Nathan Coyle, New Union– Велика Британија
- 29-ти септември 2020 година, 12:00 часот, настан на тема: Отворена влада на локално ниво, говорници: Гордана Димитровска Гапиќ, Министерство за информатичко општество и администрација и Bernhard Krabina, Центар за истражување во јавната администрација (КДЗ) Австрија
Во текот на септември и октомври, исто така, ќе бидат организирани он лајн обуки на тема Отворен град наменети за претставници на локални граѓански организации и претставници на општините.
Преземете го летокот со дополнителни информации за Отворен град (.pdf, 7Mb)
Сподели: