Денес, на 16.10.2020 година, на платформата ZOOM се одржа вториот состанок на членовите на Управниот одбор на ICEDA, со цел да се дискутира за применитеапликација од Повикот за апликации за давање поддршка на ГО за промовирање на Дигиталната Агенда преку првиот циклус на грантови шеми за мали грантови ЛОТ 1: Доделување на субгрантови за центрите за поддршка на е-влада и доделување на 15 мали грантови на ГО од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија (целта е приближно 3 грантови по земја), во опсег од 13.000 до 17.000 евра по грант.

На состанокот беа присутни членовите на управниот одбор или членови заменици од сите партнери вклучени во проектот Зголемување на граѓанското улество во Дигиталната Агенда – ICEDA, вклучително и националните координатори на проектот од секоја од земјите што го спроведува овој проект.

Вкупно 84 предлог-проекти беа примени од ГО од Западен Балкан, а националните координатори на проектите од секоја од земјите спроведувачи на проектот ги презентираа предлозите добиени од нивните земји за кои сметаат дека имаат најголем потенцијал да бидат успешни и одржливи во рамките на нивната локална реалност, со одредени адаптации.

Учесниците разговараа и за основната цел на повикот и примените апликации, за програмата и административните капацитети на апликантите, за нивната иновативност и партнерство со локални и национални институции во соодветната земја.

———————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: