Во рамки на Проектот за граѓанско учество на УСАИД, Фондацијата Метаморфозис разви онлајн платформа www.pishi.im со цел интеракција и размена на информации меѓу граѓаните и избраните општински советници. Намената на онлајн платформата www.pishi.im е предвидена како централна точка за информирање, вклучување и вмрежување на граѓаните од одредена општина со избраните општински советници во самата општина. Платформата www.pishi.im ќе овозможи полесна и поефикасна комуникација меѓу граѓаните и избраните општински советници.

Платформата Пиши Им е едноставна за користење и на неа се поставени форми за комуникација преку кои граѓаните ќе може да видат кои се општинските советници во нивната општина, кои се нивните надлежности, и доколку сакаат, ќе можат преку истата форма да ги контактираат. Посетителите на страницата имаат можност да пребаруваат и преземаат одредени податоци (во .csv, .xlsx, .docx и .pdf формат, во зависност од податоците).

Преку платформата Пиши им секој светник може да биде лично контактиран од страна на Граѓанинот за разни економски и здравствени прашања, социјални услуги, образование во општината, како и за работата на советот, јавни претпријатија и самиот градоначалник. Со оглед на тоа што советниците се надлежни за прашања од повеќе категории кои влијаат на животот на луѓето, платформата Пиши им дава одлична можност за квалитетна комуникација (граѓанин/ советник).

 

Сподели: