• Зошто некој би се обидувал да го „хакне“ мојот профил?
  • Каква корист имаат хакерите од моите податоци?
  • Како може да се заштитам од хакерски напади?

Доколку си поставувате вакви или слични прашања, со задоволство ве покануваме на единаесеттиот „Разговор за приватност“ на кој ќе можете да ги добиете одговорите на вашите дилеми. Оваа средба ќе се одржи во четврток, на 18-ти август 2022 година, со почеток во 15 часот, во хотелот Александар Сквер Бутик во Скопје и добредојдени се сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе и да дискутираат на темата. Хотелот се наоѓа на ул. Никола Вапцаров, бр.13А во Скопје. Локацијата можете да ја видите на овој линк.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк, а доколку сакате да бидете дел од настанот, ве молиме да го пополните овој линк.

За учесниците кои доаѓаат од друг град, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје. За да бидат средствата рефундирани, ќе треба да ни доставени оригиналните сметки и билети од патувањето.

Ги очекуваме вашите пријави!

Сподели: