Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации, институциите, медиумите и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за тоа „Како да комуницираме безбедно преку интернет“ на деветиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 1-ви јули, со почеток во 15 часот, во хотелот Александар Сквер (Хотелот се наоѓа на ул. Никола Вапцаров, бр.13А во Скопје. Локацијата можете да ја видите на овој линк.)
Учесниците на средбата ќе имаат можност да добијат совети за тоа што може да направат за да бидат сигурни дека нивните разговори преку најчесто користените апликации за комуникација (Viber, Mail, Messenger, Instagram…) се заштитени од неовластен пристап, како и да придонесат кон дискусијата преку споделување на своите искуства и ставови на темата.
Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк.
Сите што сакаат да присуствуваат на настанот, ги замолуваме да го пополнат овој формулар.
За учесниците кои доаѓаат од друг град, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет.
Сподели: