Почитувани,
Фондација Метаморфозис со задоволство ги поканува офицерите за заштита на лични податоци и ИТ-службениците во јавните институции да учествуваат на обука на тема „Заштита на личните податоци во процесите на дигитализација на јавните услуги.“ Обуката ќе се спроведе во МладиХаб-Канцеларијата на Претседателот на РСМ на 7 и 8 март 2022 година (МладиХаб се наоѓа на ул. Димитрија Чуповски бр.7, во Скопје. Локацијата можете да ја видите тука)
Учесниците на обуката ќе имаат можност подобро да се запознаат со Законот за заштита на личните податоци и неговото значење во процесот на дигитализација на јавните услуги и во испораката на дигиталните јавни услуги. Како резултат на обуката, се очекува офицерите за заштита на личните податоци во јавните институции да ги зајакнат своите вештини за практична примена на обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци и да се запознаат подобро со сите фази од циклусот на усогласување со Законот, а во насока на остварување на правото на заштита на личните податоци на граѓаните.
Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк, а пријавувањето се врши со пополнување на формуларот достапен на овој линк.
Доколку имате било какви прашања во врска со обуката, ве молиме контактирајте нè на vesna@metamorphosis.org.mk.
Со почит,
Фондација Метаморфозис
Сподели: