Со задоволство ги покануваме сите некогашни, актуелни и идни вработени и кандидати за вработување, работодавачи, како и сите други заинтересирани поединци кои сакаат да дознаат нешто повеќе за приватноста на работното место да учествуваат на нашиот вебинар кој го организираме во вторник, на 26.09.2023 година, со почеток во 11 часот. Вебинарот ќе го води Елена Стојановска, експерт за заштита на лични податоци.

На вебинарот ќе дадеме одговори на вашите дилеми поврзани со приватноста на работното место, вклучително и:

  • Што треба работодавачот да преземе за да обезбеди заштита на приватноста во процесот на селекција на кандидатите за вработување и на вработените?
  • Кои активности на вработените и во која мера може да ги следи работодавачот без притоа да ја наруши нивната приватност?
  • Кои правата на заштита на личните податоци ги имаат кандидатите за работа и вработените и на кој начин можат да ги остварат?

Учеството на вебинарот е бесплатно и ги замолуваме сите што сакаат да го следат, да го пополнат формуларот на овој линк: Формулар за пријавување на вебинар. Линкот за вклучување на Zoom ќе биде испратен на е-mail адресите што ќе ги наведете при регистрацијата. По завршување на вебинарот, на учесниците ќе им бидат испратени сертификати преку e-mail.

Ги очекуваме вашите пријави!

Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија.

Сподели: