• Дали некогаш ви бил побаран увид или копија од лична карта, а не сте знаеле дали тоа е законски и како треба да постапите?
  • Дали знаете кои се потенцијалните ризици од злоупотреби на податоците од лична карта?
  • Дали знаете каде може да се обратите ако податоците од вашата лична карта се злоупотребени?

На нашиот вебинар „Сè што треба да земете предвид кога ќе ви побараат лична карта“ ќе дадеме одговор на сите овие прашања, како и на сите други дилеми кои можеби ги имате на овие теми. Вебинарот ќе се спроведе преку платформата Zoom, во понеделник, на 25.09.2023 година, со почеток во 14 часот. Презентацијата ќе ја одржи Игор Кузевски, експерт за заштита на лични податоци.

Учеството на вебинарот е бесплатно и ги замолуваме сите што сакаат да го следат, да го пополнат формуларот на овој линк: Формулар за пријавување на вебинар. Линкот за вклучување на Zoom ќе биде испратен на е-mail адресите што ќе ги наведете при регистрацијата. По завршување на вебинарот, на учесниците ќе им бидат испратени сертификати преку e-mail.

Ги очекуваме вашите пријави!

Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија.

Сподели: