Метаморфозис ги објави резултатите од третото шест-месечно следење на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност (2019 -2021). Овој мониторинг го проценува спроведувањето на АП во две димензии: (1) дали се спроведува навремено и (2) дали се спроведува целосно од случаен примерок на 50 институции: 16 министерства и 34 органи и тела на извршната власт. Резултатите покажуваат дека oд вкупно 45 активности на Акцискиот план, четири се целосно завршени и дванаесет се во тек, голем дел од кои се реализирани како дел од други процеси и програми на институциите.

Извештајот може да го преземете тука.

Претходниот извештај „Проценка на нивото на спроведување на Aкцискиот план на стратегијата за транспарентност (2019-2021) во првата година (ноември 2019 – ноември 2020)“ може да го погледнете тука.

Сподели: