Проектот на УСАИД за граѓанско учество поканува граѓански организации (ГОи) во Македонија да аплицираат за Грантови за стратешка поддршка (ГСП).
Проектот за граѓанско учество е петгодишна програма финансирана од УСАИД, која придонесува во постигнувањето на две цели: (1) засилено влијание на граѓанските организации врз политиките и програмите поврзани со приоритетни прашања за граѓаните; и (2) зголеменo и одржливо учество на младите во јавниот живот во Македонија. Грантовите за стратешка поддршка ќе бидат раководени од Метаморфозис.
Целта на Грантовите за стратешка поддршка (ГСП) е да ги поддржи граѓанските организации, вклучувајќи тинк-тенк организации, кои работат во следниве приоритетни области: добро владеење, подобрување на јавните услуги, владеење на правото, антикорупција, човекови права, економски раст, овозможувачка средина за бизнис и мониторинг и надзор на јавните институции.
Проектот за граѓанско учество ќе додели најмногу (7) гранта преку ова барање за апликации. Максималниот износ на еден грант за секој предлог е 120,000 USD, и се однесува на активности кои ќе траат до 3 (три) години. Проектот го задржува правото да финансира која било или ниту една од поднесените апликации.
Грантовите за стратешка поддршка ќе им овозможат на ГОи да:
- планираат и спроведуваат долгорочни интервенции, вклучувајќи анализа на политики, јавно образование и граѓанско учество, кампањи за застапување, конструктивно учество со владини чинители и институции, и мониторирање на јавни политики, програми и буџети;
- бидат проактивни во претставувањето на интересите на граѓаните и да започнуваат активности во приоритетните области наведени во претходиот параграф;
- инвестираат во развојот на нивните капацитети, поточно во подобрување на нивното влијание, вклучувајќи пошироки сегменти од општеството, и да станат финансиски стабилни; и
- учествуваат во локални, регионални, или меѓународни настани за вмрежување (со ограничена висина на трошоци).
Следете ги врските за да ги симнете целосното барање за апликации, формуларот за аплицирање и буџетскиот образец за партнерски грантови, или пишете ѝ на Ќендреса Сулејмани на qendresa@metamorphosis.org.mk.
Рокот во кој може да бидат побарани појаснувања во врска со повикот е 22 декември 2016 година.
Појаснувањата ќе бидат објавени на 28 декември 2016 година.
- Објава за барање на апликации (.pdf)
- Целосно барање за апликации (.pdf)
- Формулар за аплицирање (.docx)
- Буџетскиот образец (.xlsx)
РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТА Е 25 ЈАНУАРИ 2017 ДО 16:30 ЧАСОТ
ПОЈАСНУВАЊE НА БАРАЊЕТО ЗА АПЛИКАЦИИ
Одговорите на сите добиени прашања во врска со овој повик може да ги погледнете тука
Сподели: