Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во изминатиот период спроведе мерење на отвореноста на 17 единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.

Во текот на месец декември Фондацијата Метаморфозис и локални партнерски организации организираат состаноци со општините кои беа вклучени во мерењето на Отворениот индекс за 2020 година. Состаноците ќе бидат со градоначалниците и други претставници на општините и ќе имаат за цел да ги доближат резултатите од мерењето на отвореноста на општините. На состаноците, исто така, ќе се дискутира за поддршката што им е потребна на општините за подобрување на нивната транспарентност и за можностите за заедничка соработка во овој поглед.

Согласно идентификуваните потреби на овие состаноци, Фондацијата Метаморфозис од јануари 2021 година ќе обезбеди техничка поддршка на општините со цел унапредување на нивната отвореност.

Сподели: