Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис спроведе две дводневни он лајн обуки за унапредување на транспарентноста и отвореноста на единиците на локалната самоуправа. Обуките се одржаа на 25 и 26 јануари и на 28 и 29 јануари 2021 година. На обуките учествуваа 36 претставници од 17 општини и 8 граѓански организации.

Обуките имаа за цел да ја унапредат транспарентноста и отвореноста на општините во Република Северна Македонија. Во рамките на дводневните обуки учесниците имаа можност да се стекнат со практични знаења за користење на алатките за отвореност и транспарентност, за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки, да се запознаат со концептот на отворен град, да стекна познавања за концептот и придобивките на отворени податоци, како и со практично знаење за процесот на објавување на отворени податочни сетови.

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во наредниот период ќе обезбеди директна поддршка на општините со цел унапредување на нивната отвореност.

Сподели: