Во просториите на Агенција за електронски комуникации (АЕК) и на иницијатива на Фондација Метаморфозис, денес тимот на Метаморфозис оствари средба со АЕК и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKDCIRT како служба која што е клучен дел од АЕК. На средбата присуствуваа директорот на АЕК – Јетон Акику, раководителот на службата Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKDCIRT – Александар Ацев, извршниот директор на Фондација Метаморфозис – Бардил Јашари, и програмската менаџерка – Мила Јосифовска Даниловска.

На средбата се дискутираа активностите на MKD-CIRT и Фондација Метамофорзис од доменот на сајбер-безбедност, како и можностите за заедничка идна соработка, со цел градење на едно сајбер отпорно општество.

На темата сајбер безбедност и човекови права, Фондација Метаморфозис има изготвено истражување насловено како Сајбер-безбедност и човекови права онлајн во Северна Македонија, со поддршка од DCAF – Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, во рамките на проектот „Добро управување со кибер безбедноста на Западен Балкан“ финансиран од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Владата на ОК (FCDO).

Сите заинтересирани за темата се поканети на 18-то издание на интернационалната конференцијата „е-Општество.мк“ насловено “Сајбер отпорност за слобода и безбедност“ кое ќе се одржи од 6-ти до 7-ти декември, 2022 година во Хотел Мериот, Скопје. Повеќе информации – eSociety.mk (e-society.mk).

 

Сподели: