Глобалниот форум за антикорупција и интегритет на ОЕЦД за 2023 година се одржа во периодот 24-25.5.2023 г., во Париз, Франција. Како претставник на Фондација Метаморфозис, а во рамките на ACTION SEE проектот, на форумот учествуваше Маријана Јанческа.

Поддржани од ACTION SEE проектот, на форумот зедоа учество Маја Миликиќ од невладината организација ЦЕМИ и Богдан Пиповиќ од организацијата Јувентас, од Црна Гора; како и Хасани Албана од организацијата Levizja Fol и Саранда Рамај од Columbus Institute од Косово.

Глобалниот форум за антикорупција и интегритет на ОЕЦД од 2023 година се фокусира на политички решенија и деловни иновации кои го зајакнуваат интегритетот и се борат против корупцијата.

Меѓународната соработка меѓу истомислениците е клучна за справување со многу од денешните кризи – зголемената инфлација, продлабочувањето на несигурноста за храна и енергија и забрзување на климатските промени. Корупцијата и недостатокот на интегритет може да се најдат во сржта на многу од овие предизвици и да ги влошат нивните ефекти врз граѓаните, бизнисот и владата. Справувањето со прашања како што се несоодветно управување со јавните средства, меѓународното поткупување, даночната измама и непроѕирните практики на лобирање бара од јавниот и приватниот сектор да застанат цврсто и да работат заедно.

Заклучот од дводневниот форум е дека ни се потребни активности кои се претвораат во влијание; решенија кои им служат на сите, а не само на неколку избрани.

Сподели: