Продолжуваме со активностите за поголема транспарентност и отвореност на единиците на локалната самоуправа.
Нови 24 единици на локалната самоуправа отворија над 270 податочни сетови како резултат на поддршката која ја обезбеди Фондацијата Метаморфозис.
Како дел од напорите за подобрување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, обезбеди директна поддршка на 24 единици на локалната самоуправа во вториот циклус на поддршка. Повеќе за постигнувањата од првиот циклус можете да погледнете тука.
Општините кои изразија интерес и се вклучија во вториот циклус на поддршка за отворање на податоци се: Охрид, Вевчани, Центар Жупа, Прилеп, Битола, Македонска Каменица, Студеничани, Кривогаштани, Македонски Брод, Дебар, Богданци, Дебрца, Кичево, Шуто Оризари, Ресен, Липково, Јегуновце, Боговиње, Врапчиште, Желино, Тетово, Теарце, Брвеница, и Гостивар. Во периодот 28 февруари – 8 април, секоја општина, во соработка со локални граѓански организации и фасилитатори, работеше на подготовка на отворени податочни сетови кои произлегуваат од нејзиното работење.
Отворените податочни сетови вклучуваат податоци кои се однесуваат на буџетите на општините, регистри на основни и средни училишта, членови на советите на општините, податоци за проектите во општините, јавните набавки, регистри на урбани и месни заедници, структурата на вработени, јавните претпријатија и установи и други.
На визуелизацијата подолу погледнете ги резултатите од обезбедената поддршка во вториот циклус, за отворени податоци и подобрување на транспарентноста ЕЛС.
Сподели: