Партнери што го спроведуваат проектот: Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора), Oтворени податоци Косово (Косово) и Levizja Mjaft! (Албанија).

Дигитална агенда за Западен Балкан:

Дигиталната агенда е иницијатива развиена од Европската Унија, која исто така е проширена и усвоена за 6 држави од Западен Балкан. Таа има за цел да обезбеди граѓаните во регионот целосно да ги искористат придобивките од дигиталната трансформација. Посветеноста кон Дигиталната агенда ќе обезбеди граѓаните да имаат вештини за да одговараат на барањата на новата економија и ќе помогне да се модернизираат јавните администрации, да се зајакне компјутерската безбедност, да се зголеми поврзаноста, како и да се подобри деловната клима.

Што значи тоа за граѓаните?

Со имплементација на Дигиталната агенда, граѓаните ќе ги развиваат своите вештини за користење на повеќе владини услуги достапни на Интернет, без да бидат загрижени за нивната приватност. Покрај тоа, со дигитализирање на услугите, граѓаните ќе можат повеќе да се поврзат и да ја подобрат климата за деловните активности што во моментот се случуваат преку бирократски процедури.

Која е улогата на ИЦЕДА во сето ова?

Во јавноста нема големо знаење и многу информации за Дигиталната агенда на Европската Унија и токму затоа проектот ИЦЕДА има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во промовирање, обликување и спроведување на Дигиталната агенда во Западен Балкан.

Како такви, партнерите кои ќе го спроведуваат проектот во текот на три години ќе работат на зголемување на капацитетите на ГО и на медиумите за справување со предизвиците поврзани со Дигиталната агенда, како и за промовирање на Дигиталната агенда на национално и локално ниво. Покрај тоа, во моментов во регионот на Западен Балкан, постојат многу дигитални услуги на јавните институции достапни за граѓаните. Некои од овие услуги се следниве: декларирање даноци, плаќање преку Интернет за комунални услуги, регистрирање на нов бизнис и др. ИЦЕДА ќе ја зголеми употребата на е-услугите преку промоција и придонес во решавање на проблеми што ја спречуваат нивната поширока употреба, како и ќе се залага за воведување на нови квалитетни услуги од властите на сите нивоа.

Што ќе прави тимот на ИЦЕДА?

Ние ќе соработуваме со ГО, медиуми, државни институции и граѓани за подобрување на агендата на Западен Балкан. Ова ќе се постигне преку:

  • Обезбедување на истражувања за тековната имплементација и развојот на е-владеење и мониторирање на процесот во траење од три години;
  • Обезбедување обука и можности за градење капацитети за ГО, медиуми и оние што донесуват одлуки;
  • Создавање регионална мрежа на ГО што ќе се залага за Дигитална агенда;
  • Доделување мали грантови на 30 ГО за промовирање и унапредување на Дигиталната агенда преку воспоставување 15 локални центри за поддршка на е-владеењето и иницијативи за застапување;
  • Поддршка на граѓаните и ранливите групи во користењето на постојнита услуги за е-владеење.

До 2023 година, ИЦЕДА ќе има:

  • Создадено силна регионална мрежа на овластени ГО и подобрени дигитални услуги;
  • Основано 15 локални центри за поддршка на е-владеењето управувани од членовите на мрежата на ГО;
  • Постигнато зголемена побарувачка за дигитални услуги и нивно зголемено користење;
  • Зајакната меѓусекторска соработка помеѓу ГО и државните институции за инклузивна Дигитална агенда насочена кон граѓаните.

Инфо-флаерот е достапен на англиски, македонски, албански, српски и црногорски јазик.

________________________________________________________________________________________________________________

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: