Отворените образовни ресурси во образовниот процес – анализа на можностите и препораки

Со големо задоволство ве известуваме дека во рамки на проектот Отворени образовни ресурси се изготви и анализа за можностите за вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес. Истата е достапна за преземавање на следниот линк, и ве покануваме да ја прочитате! Се надеваме дека анализата ќе ви биде од корист, и ќе разјасни добар […]

Пет клучни карактеристики на доброто владеење

Што е добро владеење? Кои се петте клучни карактеристики на доброто владеење? Доброто владеење се однесува на систем на владеење што продуцира резултати кои ги задоволуваат потребите на општеството преку искористување на достапните ресурси на најдобар можен начин. Дознајте повеќе во овој документ.

5 работи кои треба да ги знаете за отворените податоци

Дали знаете што се отворени податоци? Кои се придобивките од отворање на податоците од државните институции? Отворените податоци се податоци во компјутерски обработлив формат кои може да се користат слободно, да се ре-искористуваат и да се ре-дистрибуираат од страна на било кој, без ограничувања. Објавувањето отворени податоци носи повеќекратни придобивки за општеството во целина. Дознајте […]

Состојбите и предизвиците за спроведување онлајн настава во основните училишта

Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси, поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), спроведе истражување за состојбата со онлајн наставата, фокусирано на основните училишта во нашата земја. Целта на ова истражување беше да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во РСМ во периодот март – јуни 2020 година, […]

Изборниот систем останува извор на криза во Северна Македонија

Со последните измени на Изборниот законик од февруари 2020 г. направени се извесни подобрувања пред сè во регистрацијата на избирачите, во процедурите за гласање и во проширување и прецизирање на надлежностите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), врз контролата на финансиите. Но, сепак, изборниот модел остана […]

Антикорупциски реформи: ДКСK и граѓанските организации, ретки светла во тунелот

Работењето на новиот состав на Антикорупциската комисија, посветеноста на неколку организации од граѓанскиот сектор и перспективите од новиот Закон за јавно обвинителство, се единствените светли точки во реформските постигнувања на Северна Македонија во полето на антикорупцијата и борбата со оганизираниот криминал во текот на 2019 и почетокот на 2020 година. Ова е главниот наод на […]

Реформи во правосудството: заокружена законска рамка, ЕУ задоволна, во земјата сомневања

Клучната област за побрза ЕУ интеграција, функционирањето на правната држава и владеење на законите, со еден збор правосудството, во моментов е во некоја чудна состoјба која тешко може да се дефинира. Регистриран е напредок во однос на 2019 година и во поглед на законската рамка и во поглед на унапредување во праксата во дел од […]